Египетскиот суд донесе смртни пресуди за 24 членови на организацијата Муслиманско братство кои беа обвинети за убиство на полицајци во два одделни случаја.
Тие се осудени за поставување на бомба во полициски автобус во египетската провинција Бехеира во 2015 година, при што загинаа тројца полицајци, а повеќемина беа повредени. Додека вториот случај се однесува на убиство на полицајци во 2014 година.
Осуммина од обвинетите ги дочекаа пресудите во бегство.
Муслиманско братство во 2013 година е прогласена за терористичка организација, по едногодишниот претседателски мандат на Мохамед Морси.