Основниот суд Скопје 2 го проглеси за виновен портпаролот на СДСМ Петар Шилегов по тужбата за клевета поднесена од страна на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Иако Јанкуловска бараше отштета од 10.000 евра од Шилегов за нанесена душевна болка и штета на угледот, судот досуди парична казна од 500.000 денари.
Министерката Јанкуловска ниту еднаш не се појави во судот.
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска во септември минатата година го обвини портпаролот на СДСМ Петре Шилегов дека не ја кажува вистината кога вели дека купила станови од 200 квадрати и наведува дека ниту законски ниту незаконски заработила 200.000 евра за пет години.
Шилегов предходно презентираше документи според кои Јанкуловска за становите вредни 200 илјади евра, подигнала кредит од Шпаркасе банка во вредност од 90 илјади евра во јануари 2012 година, а само за година и 9 месеци вратила 75 илјади евра со две административни плати.




