Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот во Стразбур утре ќе ја донесе првата пресуда за трансродово лице во Македонија

0
By Нова ТВ on January 16, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 16, 2019 16:15

Европскиот Суд за човекови права во Стразбур утре за прв пат ќе се произнесе за случај на македонско трансродово лице, кој би можел да биде вовед во нова легислатива за правата на трансродовите лица во Македонија, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Судот утре ќе каже дали на лицето “Икс“ му е повредено правото на приватност и правото на ефикасен правен лек во текот на процедурите за промена на полот во Македонија.

“Икс“, кој одбива да биде идентификуван во јавноста, е роден во 1987 во Македонија како девојче. Но од најрано детство тој се доживува како машко. “Икс“ е трансродово лице, односно лице кое чувствува дека неговиот род не соодветствува со полот во кој што е роден.

Во 2010 година, “Икс“ ја започнува постапката за менување на полот, со што за него почнуваат правните и административните замки кои ќе го наведат, неколку години подоцна, со поддршка на Коалицијата Маргини, да ја тужи државата во Стразбур.

Во клиника во Белград специјализирана во овие прашања, “Икс“ се консултирал со психолог и со сексолог кои кај него “дијагностицирале транссексуалност“, а почнал и хормонска терапија за да ја зголеми стапката на тестостерон во организмот.

При неговото враќање во Македонија, меѓутоа, и покрај фактот што Министерството за внатрешни работи прифатило да му биде сменето името во личните документи, ознаката за пол останала “женски“, затоа што процедурата за менување на оваа ознака во Македонија се прави според различен закон од оној за промена на името.

Во Македонија, законите не се јасни кога станува збор за промена на пол, објаснува за МИА адвокатка Наташа Бошкова, која го води овој случај пред судот во Стразбур.

-Не постои експлицитна забрана, има можност да се поправи грешка во документите, според законот за матична евиденција, но без повеќе појаснувања за документите, објаснува Бошкова.

Притоа, потсетува адвокатката, иако има недостаток на јасна процедура, постои најмалку еден друг преседан каде управата за водење на матични книги прифатила промена на ознаката за пол во документите за други лица во Македонија. И покрај преседанот, управата го отфрлила барањето на лицето “Икс“ со образложение дека немало доволно докази дека е направена целосна медицинска документација и дека лицето не направило комплетна операција.

Правниот тим на “Икс“ го обжалува решението на управата за матична евиденција и оттука почнува игра на пинг-понг помеѓу судовите, управите и министерствата која го одолговлекува процесот. За Бошкова, управата за матична евиденција била во “шахмат позиција“ и “измислува нови докази“, како на пример барање лицето да оди на вештачење во судска медицина, каде впрочем било утврдено дека лицето ја почнало транзицијата кон машкиот пол иако не била извршена целосна операција.

Важно е да се напомене, вели Бошкова, дека според стандардите на Советот на Европа не е нужно да се направи целосна операција за да биде прифатена промената на полот, имајќи предвид дека станува збор за тежок зафат и дека не секое лице е во здравствена, или пак финансиска можност да направи комплетна операција.

Во оваа насока се веќе донесени судски одлуки, последната била против Франција, одлука во која е наведено дека медицинската интервенција не може да се наметнува како услов за промена на пол во личните документи.

Адвокатката, исто така, напоменува дека кај македонските институции се забележани и други контрадикторности во образложенијата бидејќи на неколку други трансородови лица во Македонија не им била одобрена промената на ознаката за пол, иако тие имале извршено операција.

Судот утре ќе се произнесе за сите недоследности од страна на македонската држава. Според правен тим на “Икс“, утрешната одлука на Судот ќе биде во негова полза.

-Очекуваме судот да утврди повреда и да ја задолжи државата да даде насоки за решение за другите трансродови лица во Македонија, да изготви законска рамка. Ако судот утврди повредата, има уште десет случаи што чекаат, затоа е потребен правен лек, вели Бошкова.

Со оглед на контрадикторностите од страна на македонските судови и институции во одлуките, како на пример отфрлените барања на оние кои направиле хируршка интервенција, Бошкова смета дека тоа е “доволна назнака за судот во Стразбур дека во Македонија се случува хаос во тој дел и дека правен лек е неопхподен“.

Нејасно е меѓутоа во овој момент кој би бил тој правен лек, односно дали треба да се менува законот или да се изготви посебен за правата на трансродовите лица.

Иако нема сомнеж дека промената на законската рамка по ова прашање ќе отвори жестоки расправии во јавноста, државата ќе биде обврзана да најде решение за ова прашање доколку судот пресуди во полза на “Икс“.

На пример, според експертите, едно од контроверзните прашања што би можеле да се отворат во рамки на оваа дебата е тоа за истополовите бракови, посебно доколку промена на ознаката за пол побара лице кое е во брачна заедница. Со промената на полот, лицето би се нашло де факто во истополов брак, што во Македонија не е законски признаено. Во тој случај државата би требала да побара развод, што, се разбира, не смее да го прави согласно сите домашни и меѓународни закони и стандарди.

Судот во Стразбур треба да ја соопшти својата одлука во текот на утрешниот ден.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.