Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот за човекови права ја осуди Полска за нелегална соработка со ЦИА

0
By Нова ТВ on July 27, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полска е осудена од Судот за човекови права во Стразбург затоа што им дозволила на ЦИА на полска територија да држат еден Палестинец и еден Саудиец нелегално затворени и врз нив да вршат тортура. Судот пресуди дека Варшава е виновна за двата случаи кои се однесуваат на соучество во нехуман и деградирачки третман, арбитрарно држење во затвор, нарушување на правото за приватен и семеен живот и нарушување на процедуралните права на двајцата луѓе.

Ова е втор пат една влада да биде прогласена за виновна во нелегалните активности на ЦИА во Европа. Претходниот случај е Македонија каде што, во 2012 година, земјата беше осудена да му исплати 60.000 евра на Германецот со либанско потекло Калед ел Масри.

Со оглед на тоа што лошиот третман и тортурата кои им биле вршени на двајцата осомничени терористи од страна на американските власти биле веќе познати во јавноста, Полска морала да знае дека, со дозволата ова да се врши на нејзина територија, се крши Конвенцијата за човекови права, се вели во пресудата.

Полска е осудена да им плати по 100.000 евра на двајцата оштетени.

Саудиецот Абд ал Рахим ал Наири е уапсен во Дубаи во октомври 2002 година како главен осомничен за атентатот на бродот УСС Кол во 2000 година каде загинаа 17 американски војници.

Палестинецот Заин ал Абидин Хусаин е уапсен во Пакистан во март 2002 година како еден од шефовите на Ал Каида.

Двајцата во моментов се во затворот Гвантанамо. И двајцата биле затворени во центарот на ЦИА во Полска каде што биле испрашувани под закани за егзекуција, давење, закани на сексуални напади врз нивните блиски и долго држење во позиција на стрес.

Полските власти одбија да го објаснат случајот повикувајќи се на тајната на истрагата. Европскиот суд смета дека одбивањето на Полска да даде елементи од доказите е нарушување на нејзините обврски. Освен тоа, Полска ги обезбедила сите услови за да се нарушуваат човековите права. Полска исто така им помогнала на ЦИА во трансферот кон Гватанамо.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.