Синдикатот на новинари и медиумски работници смета дека одлуката на Основниот суд Скопје- 1 да му дозволи на новинарот правосилноста на пресудата од 4,6 години да ја дочека во домашен притвор е чекор во позитивна насока.
-Таа следува по силните апели на медиумска заедница и меѓународната јавност да му се дозволи на новинарот да се брани од слобода.
Воедно ССНМ потсетува дека станува збор за досега највисока изречена казна на новинар за вакво дело во Европа и упатува на нејзината апсурдност особено ако се земе предвид дека веќе е поведена иницијатива за измени на законот за сведоци каде одговорноста најмногу се насочува кон тие кои се должни да ги чуваат, а не тие кои ги објавуваат.
ССНМ очекува дека во случајот на Кежаровски македонските судови ќе ја искористат можноста да ја применат европската судска пракса особено со оглед на тоа што постапуваат по предмет поврзан со слободата на изразувањето.
Со тоа Судот ќе ја избегне опасноста Македонија да биде посочувана како земја која не го почитува членот 10 од Европската Конвенција за човекови права, соопштува Новинарскиот синдикат.




