Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судска медицина ги чека хистопатолошките и токсиколошките анализи за починатиот Денис Тот

0
By НОВА ТВ Balaban on April 12, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Обдукцискиот извештај за причините за смртта на 28-годишниот ракометар на РК Бутел, Денис Тот, се уште не е комплетно завршен, се чекаат токсиколошките и хистопатолошките анализи, изјавија од Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје, каде се вршеше обдукција на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој почина во петокот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) откако беше претепан до смрт во четвртокот изутрина пред дискотеката „Привилиџ“ во Градскиот парк во Скопје.

Во врска со тоа кога извештајот ќе биде испратен до ОЈО, директорот на Институтот за судска медицина и криминалистика, проф. д-р Александар  Станков, за НоваТВ денеска изјави:

– Кога ќе бидат готови сите резултати, ќе го испратиме извештајот до Основното јавно обвинителство Скопје. Се уште се во тек токсиколошките и  хистопастолошките анализи и откако ќе ги добиеме и тие резултати, ќе го доставиме обдукциониот наод, ни изјави проф.д-р Станков.

Првичниот наод од обдукцијата на Судска медицина покажа дека повреда на главата и мозокот се причина за смртта на ракометарот Тот.

За убиството на Тот се осомничени три лица, од кои две се веќе во 30-дневен притвор, К.Л.(19) и А.К.(22), а првоосомничениот, 28-годишен Анѓело Ѓоргиевски, е во бегство.

Од прерано починатиот млад ракометар денеска се простува неговото родно Ѓаково, каде ќе бидат погребани посмртните останки на Тот.

Од скопското Основно јавно обвинителство ни изјавија дека се преземаат активности за приведување и лишување од слобода на првооосомничениот во случајот со ракометарот Денис Тот и веднаш ќе ја информираат јавноста. Сите проверки на граничните премини се во надлежност на МВР, изјавија од ОЈО.

На прашањето дали првоосомниченото лице можеби досега веќе ја напуштило државава, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вели дека засега немаат такви информации.

– За случајот има две лица приведени, а по едно лице се трага. За ова лице има централен распис, ќе се распише и меѓународна и домашна потерница, рече Спасовски.

Официјално, во МВР нема податок дека Анѓело Ѓоргиевски ја напуштил државата.

ОЈО Скопје во саботата соопшти дека на 7 април годинава во раните утрински часови пред ноќен клуб во Скопје дошло до вербална расправија помеѓу лицето Д.Т. (28) од Р.Хрватска, со привремен престој во РСМ и лицата А.Ѓ. (28), К.Л.(19) и А.К.(22) сите од Скопје.

Тројцата сега осомничени го нападнале хрватскиот државјанин и му задале повеќе удари со боксови и клоци. Од ударите сега починатиот паднал и со задниот дел од главата удрил во асфалт и изгубил свест. Тројцата осомничени продолжиле со дејствија на удирање по главата, а потоа, без да му укажат помош, заминале од местото на настанот. Лице вработено во ноќниот клуб повикало Итна медицинска помош по што сега починатиот бил пренесен на Ургентниот центар при Клиниките „Мајка Тереза“.

Љубица Балабан

 

Александар Станков Денис Тот Ракометарот Судска медицина токсиколошките хистопатолошките
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.