Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судската администрација од понеделник со штрајк со глад

1
By Нова ТВ on June 1, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 1, 2016 14:33

Судската администрација денеска протестираше пред Министерството за правда. Како главен проблем ја посочуваат неусогласеноста на платите со обемот на работа во судовите, како и притисокот под кој работат.

Со транспаренти „Наместо да добиеме зголемување од 35 проценти, не казнивте со 40“, и „Бараме закон за судска служба, а не препишан закон“, ја блокираа улицата пред Министерството за правда во центарот на Скопје. Според нив, професијата им е во целост девалвирана.

– Очигледно е дека судската власт секогаш ја заборава администрацијата и затоа дојдовме пред Министерството за правда да потсетиме дека сме обесправени, рече денеска претседателот на УПОЗ Пецо Грујовски на протестот пред Министерството поради неисплатени надоместоци за плата на вработените во судската администрација, предупредувајќи дека ако надлежните и натаму ги игнорираат нивните барања како во изминатите неколку месеци, тогаш од понеделник вработените во судската администрација ќе штрајкуваат со глад.

– Во многу судови во Македонија вчера најавија дека се подготвени од понеделник да штрајкуваат со глад. Дали ова судска власт ќе го дозволи тоа? Дали на сите овие наши заложби нема еднаш да седне и да преговара и да ни каже дали сме во право или не? Јас мислам дека 100 проценти сме во право. До петок бевме така третирани дека сме во право, ни рекоа штрајкувате, но кога ја видоа нашата сила се определија да го скршат штрајкот, рече Грујовски.

Вработените во судската администрација бараат зголемување на надоместоците за плати од судската власт уште од декември кога имаа предупредувачки штрајк. И во март имаше тридневен штрајк и протест пред Министерството за правда со истото барање, судските службеници да бидат рамноправни со останатите вработени во судството. Синдикатот и денеска побара разговори со министерот за правда, но безуспешно.

Деновиве, Судскиот совет во кој се претседателите на судовите побарал списоци на сите што штрајкуваат, а со дописот му се укажува на Синдикатот дека како организатор на штрајкот има обврска на лицата кои учествуваат во штрајкот да им исплати остаток во износ од 40 отсто од плата, вели Грујовски.

idzet

Народниот правобранител Иџет Мемети денеска соопшти дека е во постојан контакт со Синдикатот на УПОЗ и со Здружението на судска администрација во однос на штрајкот и во врска со претставката која ја доставија до Омбудсманот за заштита од дискриминација на судските службеници.

Во неа се наведува дека судските службеници, иако извршуваат слична работа со јавнообвинителските службеници и работат заедно со судиите во судовите, односно ги водат сите судски предмети, не ги добиваат истите додатоци на плата кои ги предвидел законодавецот за другите категории вработени со слични, односно со исти работни задачи.

Според Мемети, ова е поголем проблем и претставува кршење на принципот на еднаквост во јавниот сектор, кој е зацртан во Уставот од страна на предлагачите на Буџетот на РМ и од тие кои го носат.

– Сметам дека постои прекршување од причина што, ако се погледне која власт колку средства користи од Буџетот, лесно може да се дојде до податок дека судската власт е под секакво ниво во однос на буџетското етаблирање, и покрај тоа што на судската власт ѝ е одвоен буџет од 0,8 % од вкупниот БДП, што не е случај во реалноста сè уште бидејќи се издвојува само 0,1 % од вкупниот Буџет поради непринципиелниот пристап при подготвување на Буџетот, изјави Мемети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

ВЕСТИ May 1, 2026

Протест на Сојузот на синдикатите на Македонија под мотото „За плата се бориме, не се…

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026

Москва – Вашингтон: Путин и Трамп 1.5 час на телефон

April 29, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.