Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет најави работна посета на Апелациониот суд за „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“

0
By Ана Василевска on December 19, 2022 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната итна седница одлучи да изврши работна посета во Апелациониот суд со цел да се констатира состојбата со предметите „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, „Транспортер“ и „Алфа“ во смисла на почитување на законските рокови, преземените дејствија од страна на судијата и законитоста во одлучувањето во смисла на тоа дали учествувал судија кој што исполнил услови за старосна пензија.

„Судскиот совет нема да навлегува во носењето на одлуката, меѓутоа, може да испитува дали учествувал судија кој што не смеел да учествува во одлучувањето и дали има сторено процесни повреди во текот на постапката, во смисла на одолговлекување на истата“, рече претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.

На денешната седница претседателката ги задолжи координаторот на Апелациониот суд Скопје со работна група составена од членови на Советот, во најкраток можен рок да извршат работна посета во Апелациониот суд.

Оваа одлука следува по реакциите во јавноста во врска со одлуката на Апелациониот суд Скопје да ја укине пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“ откако ги уважи жалбите на обвинетите и го врати на повторно постапување пред Основниот кривичен суд Скопје случајот со масовното прислушување и уништување на опремата од УБК, во кој на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков му беше изречена казна затвор од 12 години за кривично дело „злосторничко здружување“, „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

„Таргет“ „Тврдина и Таргет“ Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.