Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судски совет не одлучуваше за разрешувањето на Вангеловски, Панчевски суспендиран

0
By Нова ТВ on July 17, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница не одлучуваше за разрешувањето на претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Претседателот на СС, Киро Здравев пред почетокот на седница изјави дека не може да се каже дали денеска ќе се расправа за разрешувањето на Вангеловски, затоа што тој дел од седницата е затворен за јавноста.

Како што е наведено во соопштението објавено  на веб – страницата на Судскиот совет, на денешната седница е донесена одлука за утврдување на престанок на судиската функција на Ленка Соколовска, судија на Основен суд Куманово поради исполнување на услови за старосна пензија, а констатиран е престанок на функцијата судија-поротник на Основниот кривичен суд – Скопје на Стојанка Стојановска од Скопје, исто така поради исполнување на услови за старосна пензија.

Членовите на Судскиот совет донеле одлука Комисијата за утврдување на одговорност да се задолжи да го дополни Извештајот поради целосно и правилно утврдување на фактичката состојба, како и одлука за времено оддалечување од вршење на судиска функција на еден судија.

Се работи за екс претседателот Владимир Панчевски против кого има и постапка за нестручно и несовесно вршење на судската функција, која сè уште не е завршена. Против Панчевски, обвинителството поднесе обвинение за местење предмети кај подобни судии додека бил на чело на скопска единица.

Според обвинителството, судските предмети ги делел на рака на одбрани судии, заобиколувајќи го АКМИС системот за електронска распределба. Освен случаи на редовното обвинителство, Панчевски рачно делел и предмети што го водело Специјалното обивнителство.

На седницата, како што стои во соопштението, е одлучувано и за одложување на расправа по барање на член на Судскиот совет на РСМ, во врска со извештаите на комисиите за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

Од Судскиот совет информираат дека на оваа седница се донесени одлуки по 32 барања за повторно оценување на судиите.

Втората точна од дневниот ред, односно донесување одлука за времено упатување на судија во Основниот суд Берово е одложена.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.