Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суперизборна недела во Европа – се гласа во седум држави

0
By Marta Pesevska on April 2, 2023 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Фото: Еурактив
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во седум земји во Европа денеска се одржуваат избори – претседателски во Црна Гора, парламентарни во Бугарија, Финска и Андора, четири изборни единици во Франција гласаат за свој претставник во Парламентот, а во Италија и Швајцарија има регионални избори.

Во Финска се одржуваат парламентарни избори, а резултатот ќе ја одреди политичката иднина на премиерката Сана Марин. Анкетите, спроведени од „Јуроп електс“, што ги пренесува пренесува Еурактив, покажуваат дека коалиција од пет партии, во која е и Марин, што ја сочинуваат Социјалдемократската партија, Партијата Кеск, Зелените, Левицата и либералната Шведска народна партија, најверојатно ќе го задржат мнозинството.

Сепак, постои можност централно-десничарската партија Кок (дел од ЕПП групата во Европскиот парламент) да се покаже како најсилна партија, и да ги симне од власт социјалдемократите. Кок долго време го поддржуваше членството на Финска во НАТО, што може да ја објасни зголемената поддршка за партијата во споредба со претходните избори. Од друга страна, се очекува десничарската партија Вистински Финци (ПС), која е во сојуз со Националното движење на Марин Ле Пен и Лигата на Матео Салвини во Европскиот парламент, малку да ја подобри својата позиција во однос на изборите во 2019 година, што може да доведе до тоа ПС да има најсилни перформанси во националниот парламент досега.

Во Бугарија се одржуваат петтите предвремени избори за помалку од две години, а анкетите покажуваат дека сојузот „Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија“ е речиси изедначен со централно-десничарската коалиција ГЕРБ-СДС, предводена од поранешниот премиер Бојко Борисов.

И двата проевропски сојуза имаат поддршка по околу 26 отсто од гласовите, но сè уште не се знае кој ќе ја формира владата, особено што е неизвесно дали некои помали партии ќе го поминат прагот од четири отсто. ДПС и екстремно десничарската партија „Преродба“ се на третото место со околу 13 отсто поддршка, додека на БСП и се прогнозираат осум отсто, што би бил нивниот најлош изборен резултат досега.

Малку е веројатно дека и овие избори ќе резултираат со посакуваната промена за Бугарија, која подолг период се бори да формира трајна владина коалиција, што доведе до повеќекратни предвремени избори од април 2021 година.

Гласачите во Црна Гора денеска излегуваат на гласање во вториот круг од претседателските избори, по што може да се случи ДПС првпат да ја загуби претседателската функција.

Кандидатот на „Европа сега“ Јаков Милатовиќ има реални шанси да го победи Мило Ѓукановиќ, кој како претседател или премиер управува со земјата од 1990 година.

Еурактив потсетува дека Ѓукановиќ го распушти парламентот три дена пред првиот круг од изборите, откако партиите не успеаја да формираат нова влада, а предвремените парламентарни избори се закажани за 11 јуни годинава.

Во Франција во екот на протестите за пензиските реформи, гласачите во четири од 577 изборни единици ќе излезат на гласање за да изберат свои претставници во Парламентот.

Во изборната единица Ариеж на југот на Франција традиционално на власт се партиите од левиот центар, што најверојатно нема да се промени, бидејќи во првиот круг беа елиминирани кандидатите од левиот центар и либералите. Во преостанатите три единици, гласачите кои живеат во Израел, Италија, Грција, Кипар, Турција, Магреб, Западна Африка, Карибите и Латинска Америка излегуваат на гласање во првиот круг од изборите за вкупно тројца пратеници. Едно место има центристичката партија УДИ, едно централно-левичарската партија „Генерација“ и едно место партијата Преродба на претседателот Макрон.

Во Италија денеска и утре во Фриули Венеција Џулија ќе се одржат регионални избори, кои ќе бидат тест за десничарската алијанса на премиерката Џорија Мелони, чија партија „Браќа на Италија“ постигна историски резултат на последните регионални избори.

Сепак, добар дел од поддршката на нејзината партија дојде од Лигата на Матео Салвини и Форца Италија на Силвио Берлускони. Не беа објавени предизборни анкети.

Во Сан Марино на секои шест месеци се избира нов шеф на државата, односно според распоредот тоа ќе се случува во недела. Сегашниот шеф на државата е Алеандро Скарано, член на Самарската Христијанско-демократска партија.

Гласачите во Андора избираат нов национален парламент на 2 април, но досега сите излезни анкети се покажаа како неточни поради малиот број анкетирани. Актуелната влада е предводена од централно-десничарската ДА заедно со либералната ЛА и новоформираната партија Ацио како помали коалициски партнери. Алијансата на левиот центар во која доминира ПС ја предводи опозицијата, а се прогнозира дека две нови партии можат да освојат значителни гласови – еколошката партија Конкордија и партијата Ендавант. Андора не е членка на Европската унија, но либералните и левичарските партии се залагаат за поцврсти врски со блокот.

Во Швајцарија се избираат нови регионални парламенти во Женева, Луцерн и Тичино, а изборите се важен тест за партиите пред националните парламентарни избори подоцна оваа година. Во Женева и Луцерн се одржува и првиот круг од изборите за регионална влада.

Извор: МИА

избори регионални избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.