Бока јуниорс и Ривер Плата ќе играат за титулата во годинашното издание на Копа Либертадорес што ќе претставува прво аргентинско „суперкласико“ за најпрестижното клупско фудбалско натпреварување во Јужна Америка.
Бока јуниорс во полуфиналето го елиминира Палмеираш по триумфот со 2:0 на домашен терен и ремито (2:2) во реваншот во Бразил. Ривер Плата, пак, обезбеди финале поради повеќе постигнати голови во гости. Екипата од Белграно го загуби првиот меч како домаќин со 0:1, во реваншот триумфира со 1:2.
„Шансите за освојување на титулата се 50:50. Нема фаворити. Ова ќе биде „суперкласико“ како ниту едно досега“, изјави Рамон Абила, напаѓач на Бока.
Финалето во Копа Либертадорес се игра по принципот „дома-гости“. Првиот меч е закажан на 7 ноември на стадионот на Бока јуниорс, возвратните 90. минути ќе се одиграат на 28 ноември. Бока јуниорс има шест титули во натпреварување и во случај да успее до нов ќе се израмни со Индепендиенте. Ривер Плата досега трипати беше шампион на Јужна Америка.