Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Срамежливо подадена рака кон СДСМ во новогодишниот говор на Мицковски

0
By Сашка Цветковска on December 30, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 30, 2017 18:56

Критики, но и очекувања за комприси, а со тоа и суптилно подадена рака за дијалог со владејачката СДСМ, ова е впечатокот којшто се стекнува при гледањето на новогодишниот говор на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.

Мицковски вели дека е „потребен политички дијалог“ за стратешки важните прашања за земјата  како влезот во  ЕУ и НАТО, но и дека политичките субјекти „не смеат да бидат непријатели, туку конкуренти“ кои работат за интересите на граѓаните.

Дијалогот е двостран процес. За него е неопходно разбирање и поддршка базирана на принципиелни основи. Секако дека има работи за кои како партија ќе оцениме дека вреди да се поддржат и за кои сме убедени дека се од интерес за граѓаните. За да има дијалог, мора да има слобода за искажување на критичката мисла. За да има слобода, мора да се стави крај на политичкиот притисок и одмаздата. Прогонот раѓа и желба за одмазда, а тоа е бумеранг кој се враќа. Владеењето со страв е еднонасочна улица. Ние не смееме да станеме општество заложник на омразата и прогонот.

Христијан Мицковски беше избран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на 16-от вонреден конгрес на партијата одржан во Валандово пред една недела. Во својот прв говор како нов лидер тој посочи дека негов противник е СДСМ, а не поединци или групи во партијата, упатувајќи на тоа дека намерува да работи на единството на партијата. Но, убедливоста на Мицковски изгуби  на тежина во сенката на долгиот говор на неговиот претходник Никола Груевски кој му претходеше на неговиот прв лидерски говор.

Дополнително, на неговиот кредибилитет во партијата не му помагна ни тоа што имаше само еден кандидат за лидер на партијата, а во јавноста се ширеа разни шпекулации за тоа кој и како одлучува за новото раководоство на до вчера најмоќната политичка сила во Македонија. Имаше обвинувања кои доаѓаа директно од извршни членови на одборот дека Мицковски е фаворитот на Груевски и неговото крило, но и шпекулации, како и јавни прозивки дека во ВМРО-ДПМНЕ ќе се дозволело опозицијата и странските земји да одберат кој ќе биде лидер за да се работело на влезот во НАТО и промена на името.

Измината недела, откако е претседател, тој се сретна со премиерот и лидер на СДМС Зоран Заев во владата, а имаше само една средба со претставници на стратешките партнери од меѓународната заедница  – беше примен од шефот за политички односи на Канцеларијата на ЕУ во Македонија, Лукас Холуб, а отиде придружуван од Влатко Ѓорчев и Александар Николовски.

Освен што ја извршуваше функцијата генерален секретар, Христијан Мицковски до јуни годинава беше директор на АД ЕЛЕМ, само една година откако на таа позиција беше избран во 2016 по оставката на Дејан Бошковски.  Работењето на оваа институција до последениот ден од власта на ВМРО-ДПМНЕ го следеа бројни корупциски и други скандали, а најголем дел од нив беа врзани со увозот на струја, меѓудругото и обвинувања дека недостатоците на струја биле вештачки дизајнирани за да се овозможи итен увоз по екстремно високи цени за компании кои се сметаа за блиски до претходната гарнитура.

За разлика од долгите видео обраќања на Груевски во кои изразена беше неговата строгост како лидер и неговата остра реторика за пресметка со сите критичари, Мицковски се појави во стилизирано видео со драматична позадинска музика. Воведот се состои од успорени кадри од неговите чекори кон просторијата која води до салонот со голема новогодишна елка. Потоа лидерот забавено си ја подместува вратоврската пред да ја започена пораката.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 3, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

ВЕСТИ July 3, 2026

Сојузниците на самитот на НАТО во Анкара ќе ветат милијарди евра воена помош за Украина,…

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.