Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суспензија или пукање во празно: Алтернатива, ДОМ, ЛДП и ДС клучни за интерпелацијата на Џафери

0
By НОВА ТВ Mitreska on May 27, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Панчо Минов, претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања закажа расправа за интепелацијата на Талат Џафери, собранискиот претседател поттикната од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова за Македонија“ на 6 јуни.

Опозицијата смета дека и колегите од другите партии треба да се одважат и да го осудат однесувањето на Џафери во Собранието со што ќе се овозможи да се донесат мерки како јавна опомена, затоа што сметаат дека станува збор за тешка повреди на етичкиот кодекс која може да повлече суспензија на собранискиот претседател до членување во работно тело од еден месец или забрана за претседавање со работно тело. Но, со оглед на расподерот на политичките сили во Собранието, се наметнува прашањето дали и оваа интерпелација ќе ја доживее судбината како и многу други претходно.

Интерпелациите, иако формално се оружје за контрола на која било извршна власт, сепак имаат неславен крај во законодавниот дом. Најчесто се користат на политичкиот мегдан во кој парламентарното мнозинство ја обвинува опозицијата за деструкција и неодговорно однесување во време на криза, па затоа посегнува по интерпелацијата како маркетиншки трик, а опозицијата пак е убедена дека интерпелацијата е уште еден прилог со кој граѓаните ќе ги добијат сите потребни информации за лошото владеење, од една страна и игнорантскиот однос кога треба да се понесе одговорност.

– Шансите да помине интерпелацијата во голема мера зависат од пратениците на Алтернатива, ДОМ, ЛДП и ДС, бидејќи и покрај очигледните вулгарности не очекувам ниту Панчо Минов, ниту пратениците од СДСМ и ДУИ да гласаат против Талат Џафери, изјави пратеникот Антонио Милошоски за Нова.

Но, без разлика на исходот од интерпелацијата опозицијата, вели Милошоски, ќе продолжи со активниот притисок во Собранието како реакција на ароганцијата на власта олицетворена во однесувањето на Талат.

– Интерпелацијата за Талат Џафери е добра шанса мнозинството пратеници да покажат личен интегритет и со тоа Собранието да го издигнат над примитивизмот и автократијата на собранискиот спикер. Покрај енергетската и економската криза во Собранието доминира кризата на непонесување на одговорност, особено кај Талат Џафери кој се однесува како владин министер и заташка неколку интерпелации за министри, изјави Милошоски.

Тој наведува пример кога негови колеги пратеници од Словенија се чуделе како е можно интерпелациите кои пратеници ги поднеле за (не)работата на министрите Николовски, Маричиќ и Алаѓозовски, никогаш да не дошле до фазата на расправа и гласање во Собранието како контролен инструмент кон извршната власт?!

Затоа оваа интерпелација е поднесена како резултат на многуте неделовнички постапки на Талат, а во изминатиов месец кулминираше и со негово недолично однесување кон службениците, објаснува пратеникот.

Фото: mia.mk

Во македонската парламентарна демократија досега, како подносител на сите интерпелации се јавува парламентарната опозиција. Во последниве неколку години мошне активни се и Алијансата за Албанците и Алтернатива која пред да стане дел од коалицијата на власт заедно со партијата на Зијадин Села, иницираа интерпелација за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,  откако поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков исчезна неколку дена поради што имаше сомнежи дека е во бегство, па подоцна се појави сам пред обвинителството. Според партиите што тогаш ја поднесоа интерпелацијата, такво бегство не може да се случи без помош на некој од власта, а дека најодговорен за тоа е Спасовски.

ВМРО-ДПМНЕ, поднесе интерпелација за министерот за правда Бојан Маричиќ и за Љупчо Николовски, поранешен вицепремиер за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси, откако беше објавен извештајот на Транспаренси интернешнл за перцепцијата за корупција во кој Македонија беше рангирана со пад од пет места во однос на претходната година и се најде на 111 место.

Фото: facebook.com/SDSMakedonija

Претходно, беше поттикната интерпелација за вицепремиерот Никола Димитров, поради како што тогаш обвини опозицијата, манипулацијата на јавноста за добивање датум за почеток на преговори со Европската унија и поради потпишувањето на договорот со Бугарија, кој според опозициската партија, беше уште еден голем неуспех на надворешната политика.

Фото: dw.com/reuters

Инаку, најмалку пет пратеници може да постават интерпелација во врска со работата на конкретен носител на јавна функција, на Владата и на секој нејзин член одделно, како и за работата на државните органи. Интерпелацијата сама по себе не предизвикува правни последици за Владата или за носителот на јавната функција, но може да претставува вовед во покренување постапка за нивна политичка одговорност или да резултира со нивна оставка.

На пример, ако пратениците не се задоволни од образложенијата на министерот за чија работа била покрената интерпелацијата и таквото незадоволство го искажат при гласањето, интерпелацијата може да предизвика морална последица. Тоа значи дека министерот, во случајов спикерот на законодавниот дом може сам да поднесе оставка, или претседателот на
Владата може да му предложи на Собранието разрешување. Ваква разрешница тешко дека ќе се случи, ако се има предвид излагањето на претставници на власта, а и на спикерот Џафери дека не чувствува потреба да се извини затоа што тој не направил прекршок и дека пцостите не биле упатени кон вработените, туку кон односот што го имаат кон работата. Тие, според Џафери, доставиле погрешни материјали за седницата. Во контекст на очекувањата дека интерпелацијата би можела да биде пукање во празно е и изјавата на потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски, првиот колега на Џафери дека тој е најдобриот претседател досега.

Претресот по интерпелацијата, трае еден работен ден се до исцрпувањето на листата на пријавени пратеници за збор, која се одвива како и во постапката за поставување пратенички прашања.

Претресот завршува со гласање што го изразува (не) задоволството на Собранието со одговорот добиен од носителот на јавна функција или
Владата, најдоцна до полноќ. Ако Собранието ја прифати интерпелацијата,
донесува заклучок во кој се изнесува ставот во врска со наводите на интерпелацијата.

Стојанка Митреска

 

 

 

ВМРО-ДПМНЕ; Талат Џафери интерпелација суспензија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.