Продолжува судeњето за петкратното убиство кај Смилковското Езеро.
За денес е закажано сведочењето на клучниот сведок за кој се верува дека знае детали кои се поврзани за сопственоста на возилото „опел омега“, а кое возило беше пронајдено на неколку километри од местото на големото злосторство.
Според адвокатите во Кривичниот суд ќе сведочат и роднините на обвинетиот Сејди Рами.
Пред два дена во судот сведочеше братот на првообвинетиот за тероризам за Смиљковскиот масакр, Алил Демири, воен старешина вработен во АРМ, кого на 1 мај полицијата го уапси како дел од групата која беше приведена во акцијата „Монструм“.
Тој се сомнева дека брат му е наместен бидејќи, како што изјави пред судот Алил не е во Македонија од 24 или 25 април минатата година.