Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведоштва по Ирма: Најсилниот ураган со кој некогаш сме се соочиле

0
By Нова ТВ on September 12, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 12, 2017 14:21

Кога ураганот Ирма ги погоди островите на Карибите, беше од категорија 5, пред да удри врз Флорида кога варираше помеѓу 4 и 3. На Карипските острови ураганот зад себе остави пустош, а како последица на Ирма животот го загубија најмалку 36 луѓе.

Помалку познатите острови како Сент Мартин, Барбуда и Ангиља, Британските Девствени Острови, Туркс и Каикос се речиси целозно разурнати, а луѓето од овие држави се во постојан крик за помош.

Елвис Бартон, роден во Барбуда, повеќето од својот живот го поминал во Бронкс, Њујорк. Во 2005 година се вратил дома и Ирма е неговиот прв голем ураган.

Елвис Бартон

Заедно со уште 1.800 други резиденти тие биле евакуирани во Антигуа, но се уште не може да се врати дома.

„Ќе биде потребно многу време за Барбуда да застане на нозе. Буквално се е уништено. Луѓето заминаа само со облека во нивниот ранец“, раскажува Бартон.

„Сакам да се вратам назад за да почнам со реставрација, но сфаќам дека загубив се“.

Во Сент Мартин, загинаа најмалку четворица луѓе, а Стејси Ен-Тејлор е девојка која на социјалната мрежа Фејсбук објави видео во кое во очај извика „Преживеавме, преживеавме“.

„Неопходни ни се вода и храна и други намирници. Потребна ни е безбедност“, раскажува таа.

Лојд Гамбс е роден во Ангиља и повеќето од својот живот живеел таму. Вели никогаш не верувале дека ураганот може да биде толку силен.

Ангиља по ураганот Ирма

„Бевме подготвени за ураганот, но ова не беше нормален ураган“, се жали Гамбс, кој останал во Ангиља кога во 1995 година ураганот Луис ја зафати оваа британска територија.

Во својата порака кон светот, порачува дека неопходна им е вода, храна, свеќи и хигиенски средства.

Ирма е причината за смртта на четворица луѓе на Американските Девствени Острови. Џенифер Стивенс Купер, медицинска сестра, со својот сопруг и двете деца биле на островчето Сент Томас на Американските Девствени Острови кога ураганот ја погодил територијата.

И куќата и болницата во која работела сега се разурнати, а тие се во свое засолниште од каде планираат повторно да го градат својот дом.

„Мојот сопруг е воено лице. Како што вели тој, ова наликува како воена зона. Нема ниту едно дрво кое стои исправено. Слушаме дека полицијата и луѓето ограбуваат и има неред на улиците во моментов. Тоа не загрижува. Ќе биде уште полошо ако снема вода и храна наредните денови“, вели таа.

Кен Адамс, е 61-годишен човек од Туркс и Каикос. Сопственик е на градежна фирма, која викендов веднаш започнала со работа по силниот ураган Ирма.

„Се обидуваме да помогнеме бидејќи сме во можност“, вели тој, додавајќи дека сепак материјалот може да му касни откако Ирма ја погоди Флорида а неодамна и Тексас беше погоден од полави и бури.

Островот Туркс и Каикос

Адамс, роден и израснат во Туркс и Каикос, за Ирма вели никогаш немало посилен ураган од овој.

„И претходно имало урагани, но ова е нешто најсилно со што сме се соочиле. Ова беа неверојатни ветрови и едно страшно искуство. Но можеше да биде и полошо“, раскажува тој.

Ураганот Ирма, екстремно моќен циклон го зафати Атлантскиот Океан на почетокот од септември. Се работи за најсилниот ураган последниве 10 години, и најсилниот кој го погодил САД по Катрина во 2005 година, и најсилниот кој ја погодил Флорида по ураганот Вилма во 2005 година.

Извор: Си Ен Ен

Ангиља Карипски Острови Туркс и Каикос Ураган Ирма
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.