Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведоштво на 69 маж: Го победив ракот на дојката, ќе ја поддржам кампањата на “Борка“ во недела

0
By Менче Атанасова Точи on September 24, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 24, 2020 15:06

Шеесет и деветгодишниот Благоја Боцевски од Скопје пред 11 години заболел од рак на дојка, малигна болест која не ги одминува и мажите. Со навремена реакција успеал да се излекува и сега одлучи да ја сподели својата приказна со јавноста.

„Пред 11 години ми се појави грутка на левата града, која кога се јавив на преглед се покажа дека е малигна. Следуваше операција, па зрачење, пет години примав цитостатици. Имав среќа што се јавив на време и болеста не беше во одминат стадиум. На почеток имав страв да зборувам за мојата болест, но сфатив дека подобро се чувствувам ако зборувам и дека така сум и општествено одговорен“, ја започна својата приказна, за првпат пред јавноста, Благоја Боцевски пензионер, кој порано работел во одделот за телекомоуникации во МВР.

Благоја успеал да се избори со тешката болест со голема поддршка од лекарите, семејството, а подоцна и од здружението„Борка-за секој нов ден“ каде добивал психолошка поддршка и едукација.

„ Сега сум здрав човек, но апелирам до надлежните во здравството, да воведат скриниг за рак на дојка и кај мажите, исто како кај жените бидејќи оваа болест не ги одминува и мажите“, рече Боцевски.

Во С. Македонија 8 до 10 мажи годишно заболуваат од рак на дојка, што е 1 -2 проценти од машката популација. Така е и во светски рамки. Дека и мажи заболуваат од оваа опака болест досега не се знаеше доволно во јавноста.

Во државата има заболени и починати пациенти со карцином кои се заразиле со Ковид, но дневно од малигни заболувања умираат 13 до 15 луѓе, изјави Биба Додева претседателка на здружението „Борка-за секој нов ден “кое работи и со пациентите и со институциите.

 „Тоа е огромна бројка и заради тоа сметаме дека здравството не треба да прекине и затоа сите иницијативи од самиот почеток што ги правиме дека треба да се овозможат навремен прегледи за болните, да продолжат дијагностичките прегледи, се работи за малигна болест која може брзо да напредува. Правиме напори и во помалите градови затоа што видовме дека некои клиники не функционираат.

Покренавме иницијативи со Министерството и клиниките, за тоа дека мора да продолжат дијагностичките процедури и дека мора да има лекување. Помагаме во во дистрибуција на лекови со помош на Црвен крст за да не морат луѓето да доаѓаат во Скопје. Не смее да ни колабира здравствениот систем заради оваа ситуација, рече Биба Додева, претседателката на „Борка – за секој нов ден“

Здружението  во недела организира настан „Race for the cure„ во рамките на Националната кампања за борба против рак на дојка, кој ќе се одржи во Градски Парк, кај Школка и во уште 13 градови низ Македонија истовремено.

„Ова ќе биде нашата 12-та „Напред розово“ која што оваа година преминува во „Race for the cure„ заедно со уште 36 други земји и организации во Европа. Многу сме среќни бидејќи по прв пат ја ставаме Македонија на мапата на Европа во едно такво големо семејство, но исто така сме среќни што успеавме во време на Ковид да не ги заборавиме болните од рак, да инсистираме за нивна грижа, затоа што Ковидот ќе помине, меѓутоа ракот ќе остане, особено ракот на дојка кој е еден од најчестите видови на рак кај жените, но и кај мажите, рече Додева.

Покрај во Скопје настани истовремено ќе се одржуваат и во Битола, Охрид, Прилеп, Ресен, Кавадарци, Велес, Струмица, Гевгелија, Валандово, Тетово, Гостивар, Дебар, Колани и Виница, со ангажманот на подружниците на „Борка“ во тие градови, како и  мобилизација на градоначаланиците во општините и жените во сите тие места.

Лук Захнер советник за односи со јавност во Амасадата на САД во Република Северна Македонија, која од самите почетоци ги поддржува во континуитет активностите на „Борка“, истакна дека оваа тема е универзална, и на некој начин ги допира сите луѓе низ целиот свет и токму затоа здружението ја има поддршката на Амбасадата за подигање на јавната свест за оваа подмолна болест.

“Се надевам дека сите ќе се придружите на „Борка“ и на тимот на Амбасадата во недела да чекориме заедно во чест на сите кои ги изгубија животите и во поддршката на семејставата, пријателите, докторите, истражувачите и на заедницата, рече Лук кој пренесе и лично искуство за средбата со болеста.

Што се однесува до отсуствата од работа заради хорнична болест, засега нема проблем кај болните од карцином за добивање на потврди и извештаи. Не сме добиле ниту една поплака,рече Додева.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.