Published: Sunday, January 19, 2014 11:14
Петар Рупески од Охрид го фати светиот крст во водите на Охридското Езеро, каде што е централната прослава на празникот Водици.
Рупески изјави дека конечно, по деветгодишни обиди, успева да го фати светиот крст за празникот Богојавление-Водици и дека е пресреќен.
Првпат крстот го фатил во 2005 година.
Прославата почна изутринава со богослужби во сите парохиски цркви во Охрид и Дебарско-кичевската епархија.
На манифестацијата по повод Водици во Охрид најавено е присуство на претседателот на Владата Никола Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Традиционалном, во Охрид е и поранешниот амбасадор на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере.




