Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Тајм

0
By Zoran Ivanov on April 20, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, April 20, 2024 10:36

Научниот вонреден професор Светлана Мојсов од Универзитетот Рокфелер е именувана на листата на „Тајм 100“ највлијателни луѓе за 2024 година, која им оддава почит на уметници, иноватори, лидери и пионери во различни области. Мојсов е светски познат научник чие истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин доведе до револуционерни третмани за дијабетес и дебелина.

Македонката Светлана Мојсов е всушност жената која стои зад лекот блокбастер Оземпик, лекот за дебелина, заслужна за откритието на хормонот ГЛП-1 (GLP-1). Долги години се борела за признавање на својот придонес, наградите ги добивале други наместо таа, сè додека не почнала правна битка. После толку години борба, конечно минатата година почнува да се пишува за неа како жена која е најзаслужна за откривањето на ГЛП-1, хормон што фармацевтската компанија „Ново нордиск” го претвори во лек против дијабетес и дебелина. Светлана е родена во Скопје, а дипломирала хемија во Белград, тогашна Југославија.

Таа пред неколку дена ја доби наградата „Перл Мастер Грингард“ за 2024 година за нејзиното истражување за хормоналните предизвикувачи за производство на инсулин, обзнани Универзитетот Рокфелер. Во објавата се вели дека истражувањето довело до револуционерни третмани за дијабетес и за дебелина.

Оваа награда е истакната меѓународна награда која им оддава признание на истакнати жени научници.

Иновативните методи и клучните сознанија на Мојсов доведоа до идентификација на пептид сличен на глукагон (ГЛП-1), цревниот хормон кој предизвикува панкреасот да лачи инсулин. Нејзините откритија се основата на револуционерните лекови наречени ГЛП-1 агонисти кои ги трансформираа клиничките третмани за дијабетес и дебелина. Пример за оваа класа лекови се Оземпик, Виктоза и Вегови, објави универзитетот.

Светлана започнала да истражува за дијабетес во Рокфелер, како студент и постдокторски соработник во лабораторијата на нобеловецот Брус Мерифилд. Таму развила техника за синтеза на глукагон, хормон кој помага во регулирањето на шеќерот во крвта. Во 1980-тите, Мојсов се преселила во Општата болница во државата Масачусетс, каде што започнала да го истражува тогаш мистериозниот ГЛП-1, пептид кој има сличности со една класа на хормони кои ослободуваат инсулин во цревата, наречени инкретини. Врз основа на сличностите со глукагонот, Мојсов била првата што ја идентификувала биолошки активната секвенца на ГЛП-1, скриена во неговата целосна низа од 37 амино киселини. Нејзините експерименти покажале дека кратката верзија на ГЛП-1 навистина се произведува во цревата.

Понатаму, Мојсов успеала да покаже, во соработка со колегите Џоел Хабенер, Гордон Вир и Дејвид Натан дека ГЛП-1 предизвикува ослободување на инсулин во панкреасот, докажувајќи дека ГЛП-1 е инкретин. Оваа работа доведе до терапевтски развој на ГЛП-1.

Комисијата беше импресионирана и од остроумноста на Светлана во хипотезата дека пептидот во ГЛП-1 може да биде клучниот регулатор на инсулинот и нејзината истрајност во тестирањето на таа хипотеза“, вели Мајкл В. Јанг , претседател на комисијата за избор и професор Ричард и Џин Фишер од Универзитетот во Рокфелер.

Се разбира, нејзиното истражување, исто така, доведе до моќни нови терапии за третман на дијабетес и дебелина, додава професорот.

Наградата „Перл Мајстер Грингард“ ја востановиле покојниот Пол Грингард, професорот Винсент Астор во Рокфелер и неговата сопруга, скулпторката Урсула фон Рајдингсвард. Покојниот Грингард го донирал својот паричен дел од Нобеловата награда за физиологија и медицина во 2000 година на Рокфелер и, во партнерство со други великодушни поддржувачи, воспоставил годишна награда за признавање на истакнати научници кои се жени.

Наградата, која вклучува хонорар од 100.000 долари, е именувана по мајката на Грингард, која починала за време на неговото раѓање.

Светлана Мојсов вети дека паричната награда ќе ја донира на иницијативата за жени и наука на Рокфелер. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.