Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светот после Епштајн – кога вистината не беше доволна

0
By Zoran Ivanov on February 2, 2026 ИЗБОР
at Adria Football Forum 2025, on October 7, 2025 in Hotel Zonar, Zagreb, Croatia. Photo by Vid Ponikvar / Sportida
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 2, 2026 15:43

Смртта на Џефри Епстин не ја затвори приказната, напротив ја отвори. Наместо катарза, светот доби уште подлабока недоверба. Наместо правда, остана чувството дека системот повторно се самозаштити. „Светот после Епстин“ не е свет со одговори, туку свет со повеќе прашања отколку кога било претходно. За жал во тој свет ќе има и мозоци од нашата Македонија кои звршиле во американски лаборатории потикнати од лудакот Епштајн.

Иван Анастасовски

Џефри Едвард Епштајн (20 јануари 1953 година – 10 август 2019 година) беше истакнат американски финансиер, но и голем сексуален престапник врз деца, сериски силувач и трговец со луѓе, а за жал кариерата ја почнува како наставник (вработен без диплома од Доналд Бар) во училиштето Далтон. Еден збор е доволен за ваков престапник да се опише – “преварант“  кој преку своето богатство ги врбуваше богатите со цел да се задоволуваат над сиромашните, децата и немоќните преку секс, дрога, канибализам,  едноставно човек да се згрози од тоа кога го чита и слуша.

Но за ова само може да се потсетам на силните зборови на гитаристот Сантана кој во својата популарна мелодија за Марија ќе напише цитирам: “видите како богатите стануваат побогати, сиромашните стануваат посиромашни“. Да бидам искрен и јас сум силен поддржувач на демократијата и демократските проецеси (но не на ваков идиотизам), и при тоа се борам за глобален слободен свет преку заштита и силни човекови права и секој да може да биде почитуван и воедно конкурентен во тој глобален свет. Но Епштајн и неговата тајфа веројатно забегале, не би сакал ни да помислам што се ќе видиме и слушнеме по објавувањето на неговата интернет комуникација со сите кои биле уживатели и корисници на неговите сеанси.

Што тоа беше неговиот свет: елитна неказнивост – малкумина моќни беа реално санкционирани, секс со деца, канибализам, дрога, оргии и многу други грозоморни работи кои се правле во негова организација. Дури и вчерашното “Греми награди“ помина во препукување на адреса на актуелниот претседател Трапм со дел од добитниците на наградите.

Смртта на Џефри Епстин не ја затвори приказната, напротив ја отвори. Наместо катарза, светот доби уште подлабока недоверба. Наместо правда, остана чувството дека системот повторно се самозаштити. „Светот после Епстин“ не е свет со одговори, туку свет со повеќе прашања отколку кога било претходно. За жал во тој свет ќе има и мозоци од нашата Македонија кои звршиле во американски лаборатории потикнати од лудакот Епштајн.

Случајот Епштајн ја разголе една сурова реалност: моќта не функционира само преку институции, туку преку мрежи. Политика, бизнис, медиуми и правосудство не се изолирани острови, туку поврзани екосистеми во кои одговорноста лесно се губи. Кога ваков систем ќе се соочи со сопствената сенка, најчесто избира тишина, а не правда.

По Епштајн, јавноста стана посвесна, но и поцинична. Луѓето повеќе не веруваат во наративи за „осамен виновник“. Прашањето не е дали имало злоупотреба, туку колкумина тоа го знаеле, премолчеле или во крајна линија профитирале од тоа. Токму таму се раѓа најголемата фрустрација: неказнивоста на елитите создава чувство дека правилата не важат за сите еднакво.

Особено погодена е младата генерација,  односно генрацијата Z за која пишував предходно и верувам дека таа е нашата иднина, но за жал таа веќе расте со кризи, несигурност и дигитална преоптовареност, случајот Епстин е уште еден доказ дека институционалната правда е кревка. Кога младите гледаат дека моќта купува тишина, а богатството купува време, нивната доверба во системот еродира. Тоа директно влијае врз нивниот квалитет на живот, мотивацијата и чувството дека трудот има смисла.

Но светот после Епштајн не е само мрачен, тој е и свет на поголема будност, факт е тоа дека табуата паднаа, од друга страна, жртвите (претежно деца) добиваат глас и веројано во периодот кој следи ќе се огласат, а јавноста научи да поставува непријатни прашања. Притисокот за транспарентност никогаш не бил поголем, дури и кога одговорите изостануваат.

Клучното прашање денес не е „што навистина се случи со Епштајн“, туку: што ќе направиме со сознанието дека вакви случаи не се исклучок, туку симптом? Дали ќе прифатиме цинизам како нова нормала или ќе инсистираме на системи што навистина ги штитат ранливите, а не моќните?

Светот после Епштајн е огледало. Не ни покажува само криминал, туку и колку сме подготвени да живееме со неправда – или да ја предизвикаме истата. Би сакал да верувам дека светот после овие “грозотии“ ќе се промени, ќе се исправи и ќе почне да ги штити слабите и немоќните, а до тогаш цитат од гитаристот Сантана ќе биде на сила.

Текстот е сопственост на 24ИНФО.мк

24инфо Иван Анастасовски колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.