Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светот стравува од голема епидемија на ебола

0
By Нова ТВ on August 6, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Сиера Леоне, каде болеста уби 900 лица, војската е ангажирана во борбата против болеста. Претседателот на оваа држава одлучи да испрати повеќе стотини војници во центрите за борба против болеста кои се наоѓаат главно на истокот на земјата. Основната улога на војската е да направат ред и да ги натераат болните лица да ги почитуваат мерките на карантинот. Овие центри се случува зболените да заминат дома пред да добијат лекарска дозвола за тоа.

Според последниот биланс на Светската здравствена организација (СЗО ) 887 лица починале од вкупно заразени 1603: 358 во Гвинеја, 255 во Либерија, 273 во Сиера Леоне и еден во Нигерија. СЗО вели дека ова е најопасната епидемија на ебола од откривањето на вирусот пред 38 години.

Како што беше јавено двајца Американци, еден лекар и еден мисионер, се заразиле од вирусот и биле пренесени во САД и примени во специјално опремена болница во Атланта. Овие двајца пациенти добиваат експериментален тертман кој досега не бил тестиран врз луѓе и кој, според Си Ен Ен има речиси чудотворно дејство врз симптомите на болеста.

Агенциите јавуваат дека случај на ебола е забележан во Саудиска Арабија врз човек кој се вратил од Сиера Леоне.

Шпанија најави дека испраќа воен авион за да се донесе во земјата еден мисионер кој ја добил болеста во Либерија. Британската авиокомпанија одлучи засега да ги укине летовите до Гвинеја и Либерија до 31 август а таква одлука донесе и компанијата Емиратс која не лета повеќе до овие земја од минатата недела. Се очекува дека и други компании ќе се одлучат за ваква мерка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.