Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка за НоваТВ: Внимателно ја следиме истрагата за причините за трагедијата

0
By НОВА ТВ Balaban on September 10, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: gavi.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пожарот во Модуларната болница во Тетово е катастрофален инцидент и го  изразуваме нашето најдлабоко сочувство до семејствата и до најблиските на жртвите и до преживеаните. Владата на Северна Македонија ги истражува причините за оваа трагедија и ние тоа внимателно го следиме, изјави денеска за НоваТВ, портпаролот на Канцеларијата на Светска банка во Република Северна Македонија.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција во Владата, изјави дека „поставувањето на сите модуларни ковид-центри се по строгите критериуми и претходна согласност од Светска банка“.

– Што се однесува до самите болници и нивниот квалитет ќе кажам кратко дека нашиот внатрешен увид покажа дека сите вградени материјали во објектите има сертификат за материјалите и а-тест на електрична, водоводна и канализациона инсталација. За појаснување, сѐ што е вградено од материјалите е со сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со а-тестирање. Сето тоа е под надзор на акредитирана компанија што контролира дали се обезбедени сите сертификати за буквално секој материјал што се вградува во модуларната болница. По завршување на сите постапки, сите надзори и техничкиот прием, модуларниот центар се примопредава на болницата во градот, на понатамошно управување и одржување на објектот. Поставувањето на сите модуларни ковид-центри се по строгите критериуми и претходна согласност од Светска банка, изјави вчера Филипче.

Во Канцеларијата на Светската банка во РС Македонија денеска ги прашавме колку модуларни болници вкупно има во светот, а се поддржани од Светската банка и дали во некоја се случила ваква трагедија како во тетовската болница прексиноќа. Како и – што пишува во извештајот на Светска банка за модуларната болница во Тетово – има ли забелешки во врска со нејзиното предавање во употреба…

(Љ.Б.)
Канцеларијата модуларната болница пожарот Светска банка Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.