Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден на црниот дроб: Превенцијата, рано откривање и навремена интервенција клучни за заштита на здравјето на црниот дроб

0
By Marija Todorovska on April 19, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 19, 2024 10:31

Статистиката покажува дека 1,5 милијарди луѓе живеат со хронично заболување на црниот дроб, а годишно во светот од заболувања на црниот дроб умираат 2 милиони луѓе. Раната превенција може да спаси многу од овие животи. На Светскиот ден на црниот дроб, императив е да го насочиме вниманието кон важноста на превентивните мерки, рано откривање и навремена интервенција за заштита на здравјето на овој витален орган, а тоа вклучува здрав начин на живот, урамнотежена исхрана, редовно вежбање и избегнување прекумерно консумирање алкохол и пушење.

Ова го посочуваат од Клиника за гастроентерохепатологија и здружението Хепар Центар Битола по повод овогодинешното одбележување на 19 Април – Светскиот ден на црниот дроб. Оваа глобална иницијатива, како што се наведува во соопштението, од Клиниката и од здружението, има за цел да ја подигне свеста за заболувањата на црниот дроб, можностите за нивна превенција, рано откривање и за лекување.

Црниот дроб е втор по големина орган во човечкото тело, веднаш по кожата, и извршува повеќе од 500 витални функции. Тој ги претвора потенцијално внесените токсини во помалку опасен, отпаден материјал, ја прочистува крвта и ги метаболизира хранливите материи и внесените лекови. Исто така, го обезбедува телото со многу важни протеини. Но секоја година, илјадници луѓе се погодени од заболување на црниот дроб.

-И покрај регенеративен капацитет, црниот дроб е исто така многу подложен на оштетување од различни фактори, вклучувајќи вирусни инфекции, прекумерно консумирање алкохол, нездрава исхрана, дебелина и изложеност на токсини. Ако не се контролира, заболувањето на црниот дроб може тивко да напредува со текот на времето, што доведува до сериозни компликации како што се цироза, црнодробна слабост, рак на црниот дроб. На овој Светски ден на црниот дроб, императив е да го насочиме вниманието кон важноста на превентивните мерки, рано откривање и навремена интервенција за заштита на здравјето на црниот дроб. Ова вклучува усвојување здрав начин на живот кој вклучува урамнотежена исхрана, редовно вежбање и избегнување на штетни навики како што се прекумерно консумирање алкохол и пушење, истакнува проф. д-р Калина Гривчева Старделова, директор на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Вакцинацијата против вирусот на хепатитис Б, кој е една од главните причини за заболување на црниот дроб во светот, значително го намалува морбидитетот и морталитетот поврзани со црниот дроб. Пристапот до здравствени услуги и програми за скрининг е исто така од клучно значење за да се осигури дека лицата изложени на ризик од заболување на црниот дроб ја добиваат грижата и поддршката што им е потребна.

-Од 2021 година во Центарот за болести на црн дроб на Клиника за гастроентерохепатологија се спроверува национална програма за превенција и рана дијагностика на хепатоцелуларниот карцином. Со ова се превземат активности кон превенција, дијагностика и справување со целокупниот третман на хепатоцелуларниот карцином. Во Програмата за рана детекција и скрининг на малигни заболувања за 2022 година, беа обезбедени средства за набавка на тестови за рана детектиција на овој вид на карцином. Набавката на овие тестови продолжи минатата како и оваа година. На Клиниката исто така достапна е и антивирусна терапија за хепатит Ц, со што се превенира понатамошно оштетување на црниот дроб и развој на уште посериозни заболувања, истакнува проф. д-р Гривчава Старделова.

Во јули 2021 година беше потпишана и Национална декларација за рак на црниот дроб како дел од Европскит план за борба против ракот.

Милан Мишковиќ потпретседател и програмски менаџер на здружението Хепар Центар Битола и претседател на Националната алијанса на пациентски организации, вели дека од суштинско значење е лидерите во нашата земја да обезбедат сите пациенти со болести на црниот дроб да имаат еднаков пристап до најдобрата индивидуална медицинска нега – без оглед на потеклото, начинот на живот и видот на болеста.

-Светскиот ден на црниот дроб не е само прилика да го посочиме значењето на органот кој игра толку важна улога во нашето здравје, туку и време да се промовираат активности и иницијативи за превенција и рана дијагностика. Со обединени напори, како заедница на пациенти, медицински експерти и креатори на политики, можеме да создадеме значителни промени и да ги подобриме условите за здравствена заштита за сите, вели Мишковиќ, стои во соопштението.

светски ден на црниот дроб
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.