Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден на животната средина: Да го запреме користењето пластика

0
By Нова ТВ on June 5, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата на Обединети Нации за животна средина, во соработка со Град Скопје и општините во градот денеска се вклучија во глобалното одбележување на 5 Јуни-Светскиот ден на животната средина, кое годинава се одбележува под мотото „Да го запреме користењето на пластиката“.

На забавно-едукативниот настан во Градскиот парк во Скопје, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули на учениците им  порача да користат едно шише во кое ќе носат вода на училиште, храната да не ја пакуваат во пластика или најлонски ќеси и да не пијат со пластични сламки.

– Министерството за животна средина брзо ја следеше препораката на ЕК и подготвен е националниот план за помалку генерирање на отпад под мотото „Ако не знаете да го рециклирате, подобро да не го употребите“. Во тој национален план ќе бидат опфатени колективните постапувачи за хартии, за пластика, за отпадни батерии, отпадно масло, отпаден текстил, школките од автомобилите кои секаде се расфлани и отпадните гуми, изјави Макрадули.

Тој информира дека заедно со колективниот постапувач со отпад „Пакомак“ поставиле мрежа на реката Треска во општина Македонски Брод за да се спречи нелегалниот дотур на пластични шишиња во езерото Козјак. Најави дека таква мрежа ќе биде поставена и на реката Вардар во општина Зелениково.

Постојаниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон соопшти дека употребата на преку еден милион пластични ќеси и пластични шишиња низ целиот свет претставува голем проблем и ризик за загадувањето на океаните и воопшто на животната средина. Апелираше да се избегнува користењето на пластиката.

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов информира дека Секторот за животна средина на Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање соработуваат за почиста животната средина. Посочи дека од нивна страна се мапирани проблемите за кои, како што рече, треба да бидат извршени законски измени со цел барем пластичниот отпад да биде посоодветно и покомерцијално третиран.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.