Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден за борба против туберкулоза – Северна Македонија во групата земји со ниска инциденца

0
By Marija Todorovska on March 25, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 25, 2024 19:19

Од 2019 година, Северна Македонија припаѓа во групата на земји со ниска инциденца, што значи имаме помалку од 10 новооткриени на 100 илјади жители. Надлежните од здравствените институции на денешната прес-конференција по повод Светскиот ден за борба против туберкулоза – 24 Март, истакнаа дека болеста е излечива и може да се спречи ширењето. Најризични групи за пренос на болеста се здравствените работници, лицата со хронични заболувања (дијабет), пациентите со ХИВ/СИДА, категориите на граѓани кои имаат низок социјален стандард на живеење, како и местата каде има долг заеднички престој како затворите, психијатриските болници, прифатилиштата за бездомни лица.

Директорот на Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Сеад Зејнел соопшти дека во лани имале 160 случаи за разлика од 2019 година кога биле отркеини 199 случаи. Бројот на хоспитализирани пациенти на Институтот за белодробни заболувања во Скопје варира од пет до 10 лица.

– Овој пад на бројот на новооткриени случаи во годините на Ковид пандемијата го сметаме за најреален, истовремено очигледен и непосреден ефект на самата Ковид пандемија, која може да се протолкува како нарушување на контролата на туберкулозата заради рефокусирање на сите здравствени капацитети кон справувањето со неа. Овие бројки кореспондираат и со светските статистики и бројки, каде што на преминот од 2019 кон 2020 година имаше пад на новооткриените случаи за 25 отсто, рече Зејнел.

Доц.д-р Катерина Бошковска, педијатар пулмолог и раководител на Одделот за туберкулоза во Универзитетската Клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле истакна дека за овие неполни три месеци од годинава дијагностицирале седум деца со туберкулоза. Потенцира дека моментално, на Клиниката во Козле не лежи ниту едно дете, бидејќи се пуштени на домашно лекување.

– Лекувањето трае долго, шест месеци. Во 2023 година на Клиниката во Козле имале вкупно 20 деца со туберкулоза. Децата до петгодишна возраст според препораките на СЗО се стават на превенција.Тоа е пократок режим од три или шест месеци, зависи со колку лекови се лекува. Затоа што кај децата, особено доенчињата во првите две години и до 40 проценти е ризикот да развие болест доколку не се превенираат, рече Бошковска.

Министерот за здравство, Илир Демири информира дека Министерството на годишно ниво одвојува околу 10 милиони денари за кампања наменета за борбата против туберкулозата.

– Последен период како да заборавивме на неа дека постои, но како министер за здравство и инфектолог ви кажувам дека туберкулозата е присутна. Има начин да се спречи, бидејќи е излечива како болест. Треба рана детекција. Тоа е успехот за борба против туберкулозата, рече Демири.

Светскиот ден за борба против туберкулоза годинава се одбележува под мотот „Да! Можеме да ставиме крај на туберкулозата!“

Туберкулозата (ТБ) е сериозна заразна болест која првенствено ги зафаќа белите дробови, но може да влијае и на други делови од телото. Тоа е предизвикано од бактерија наречена Mycobacterium tuberculosis. ТБ се шири низ воздухот кога лице со ТБ на белите дробови или грлото кашла, кива или зборува, а некој друг ја вдишува бактеријата.

ТБ може да биде латентна, што значи дека бактериите се присутни во телото, но не предизвикуваат симптоми и не се активни, притоа може да се пренесат на други. Симптомите на активна ТБ може да вклучуваат: кашлица која трае повеќе од три недели, болка во градите, кашлање крв, замор, треска, ноќно потење и губење на тежината.

Светски ден за борба против туберколоза туберколоза
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.