Светскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ и неговата девојка Јелена Ристиќ по осум години врска ќе стапат во брак.
„Заедно сме веќе осум години и планираме заедничка иднина затоа што навистина многу се сакаме. Еден на друг си даваме емотивна стабилност, која ни помага во нашите кариери“, рекол Ѓоковиќ за “Tenis earth“.
„Зборуваме за венчавка, тоа е природен редослед на настаните. Нашите заеднички чувства не водат кон тоа, а еден ден кога ќе имаме деца, тие ќе наследат одлични гени од двете страни, затоа што и мојата мајка професионално се занимаваше со ракомет“, рекла Јелена.
Како што пренесуваат специјализираните тениски портали свадбата на векот би требало да биде организирана до крајот на 2014 година.