Во неделата на 9 март во населбата Лук во Високо се случи брутално убиство во кое еден млад човек убил друг, пишуваат медиумите во БиХ.
Како што е потврдено за порталот Radiosarajevo.ba од Оперативниот центар ЗДК МУП, во 18.35 часот во Полициската станица Високо дошло лицето И.М.(2006) и пријавило дека Б.Д.(2001) од Високо и признал дека во неговиот стан ја убил П.Е.(2001) од Сараво.
„На местото на настанот полицијата пронашла безживотно тело, а истрагата продолжила во текот на целата ноќ под надзор на дежурниот обвинител. Полицијата го уапсила осомничениот Б.Д.“, потврдила полицијата
Според неофицијални информации, осомничениот по убиството се обидел да го распарчи телото за да ги прикрие трагите на делото.