За време на грчкото претседателство со ЕУ беше дадено ветување дека сите земји од регионот може и треба да и се придружат на Унијата и ќе биде навистина голем чекор ако Грција не само вети, туку и направи важни чекори за да се направи компромис и да започнат преговорите со Македонија, затоа што навистина потребни сте ни во ЕУ. Потребни ни се сите земји, меѓутоа конкретно Македонија која навистина толку долго чека да ги започне преговорите за членство.
Ова го нагласи Ханес Свобода, лидер на групата на социјалисти и демократи во Еворпскиот парламент, на денешната конференција во Скопје на тема „Демократија, владење на правото и слобода на медиумите-клучни критериуми во напредокот на Европската унија“.
Тој посочи дека оваа група во ЕП дава целосна поддшка за брзо зачленување на Македонија во ЕУ и ги повика двете страни да дојдат до решение за името, за што, подвлече, сигурен е дека Владата во Сјкопје прави се тоа да се случи.
Единството на земјата, порача Свобода, не смее да биде загрозено, а патот кон ЕУ, само ќе го засили единството. Според него, сепак, демократија без слобода на медиумите не е возможна.




