По синоќешните протести пред Владата, СВР Скопје ќе поднесе кривични пријави против четворица скопјани на возраст од 26 до 40 години, учесници во синоќешните инциденти.
Како што соопшти МВР, тие се товарат за кривично дело “Учество во толпа што ќе спречи службено лице во извршување на службени дејствија“.
Првоосомничениот Б.Ј.(1974), според полицијата, и досега бил пријавуван од полицијата. Против него се поднесени 40 кривични пријави во врска со разбојништва (15), тешки кражби (9), кражби (5), по две за насилства и измами и по една за спречување на службено лице во вршење работи од безбедноста, убиство во обид, противправно лишување од слобода, учество во тепачка, насилство извршено во група, телесна повреда и фалсификување исправа.
Тој бил 16 пати и прекршочно гонет со пријави за нарушување на Јавниот ред и мир и согласно Закон за оружје.
Третоосомничениот С.П. (1989) бил гонет со кривична пријава во 2011, за насилство, а против него се поднесени и 32 прекршочни пријави во врска со нарушен јавен ред и мир.
Останатите двајца Б.Т. (1984) и А.Т. (1985) не биле во полициските евиденции.




