Секторот за внатрешни работи Тетово го расчисти случајот со неколкуте оштетени стакла на Средното теолошко училиште Медреса „Иса Беу“ во Тетово, кое беше пријавено вчера (20 септември) во 9 часот. Осомничен дека со огнено оружје го извршил оштетувањето е 41-годишниот тетовец Б.М.
Тој вчера околу 18 часот и 30 повикан е во Полициската станица Тетово, одземен му е пиштол „цз“ со рамка со 12 куршуми калибар 9 милиметри за вештачење и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 288 од Кривичниот законик за „предизвикување општа опасност“.