Полициски службеници на СВР Тетово- Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера (2 јануари) околу 18 часот и 15 минути ги лишиле од слобода: Ј.О.(27), Д.О.(30), Ф.О.(29) и А.О.(19) од Република Косово и Б.Д.(29),Г.Ѓ.(25), М.Ѓ.(41) и С.Ѓ.(30) од Гостивар, поради сомнение за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која околу 14 часот и 50 минути се случила на ски-терените на Бистра во Маврово.

Според пријавеното, во физичката пресметка биле употребени и тврди предмети, а две лица, А.О. и С.Ѓ. се здобиле со тешки телесни повреди,
констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде во меѓувреме биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Сите инволвирани се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно
расчистување и документирање на случајот, по што ќе
биде изготвена соодветна пријава, информираат од СВР Тетово.