Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Делта-варијантата е доминатна во Европа

0
By Biljana on July 24, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Делта-варијантата на Ковид-19, која ги загрижува властите, се шири брзо низ Европа и веќе е најдоминантниот сој во голем дел од регионот, покажуваат најновите податоци.

Според податоците пратени до СЗО Европа и Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), помеѓу 28 јуни и 11 јули 2021, Делта-варијантата била доминантна во повеќето (19 земји) од 28 земји кои регистрираа доволно целосни информации за генетско секвенционирање. Од нив, 68,3 отсто од просечната пропорција на сите откриени изолации на вируси во национална секвенца биле Делта, со што ја надминала Алфа-варијантата, која претходно доминираше во регионот.

Како што е посочено, според тековните трендови, Делта-варијантата ќе стане доминантен сој во следниве месеци на глобално ниво и веќе е регистрирана во речиси сите европски земји. Таа ќе продолжи да се шири и ќе ги истисне од циркулација другите варијанти освен ако не се појави друг понатпреварувачки вирус.

Регионалниот директор на СЗО Европа, Ханс Клуге изјави дека сме далеку од прогласување крај на пандемијата.

– За жал, гледаме во многу земји во нашиот регион значаен пораст на бројот на случаи кои имаат врска со ширењето на Делта-варијантата, која е многу заразна. И покрај исклучителните напори на земјите-членки да ги вакцинираат жителите во регионот, милиони се уште се невакцинирани и со тоа тие се во ризик да бидат хоспитализирани, изјави Клуге.

Според него, добрата вест е дека двојна доза од вакцините значително го намалува ризикот на лоша клиничка слика и смрт.

– Ако се повикани, луѓето треба да одат да се вакцинираат, потенцира Клуге.

Директорката на ЕЦДЦ, Андреа Амон вели дека „треба да останаме многу внимателни и многу разумни за да го спречиме ширењето на вирусот“.

Според неа, тоа значи целосна вакцинација со две дози веднаш штом се појави можност, како и физичко дистанцирање, миење раце, избегнување места каде има многу луѓе и носење маска кога е потребно.

– Ова се мерките за кои знаеме дека функционираат за да се заштитиме себеси и другите. Треба да ги сметаме како мерки против „затворање“ бидејќи дејствуваат во спречувањето на ширењето на болеста без да треба да се затвора голем дел од општеството, изјави Амон.

СЗО и ЕЦДЦ ги повикуваат приоритетните групи, постарите, луѓето со хронични болести и здравствените работници да се вакцинираат целосно за да се заштитат себеси, а и луѓето од ранливите категории со кои имаат контакт од заразната болест.

Исто така, се препорачува брза испорака на вакцини до сите групи кои може да се вакцинираат. На места каде Делта-варијантата се шири, се препорачува интензивно спроведување на сегашните здравствени мерки, меѓу кои поголем пристап до тестирање, најмногу бидејќи процентот на вакцинирани се уште не е доволно висок во многу земји.

Според СЗО, бројот на потврдени случаи на Ковид-19 расте низ Европа откако бројот на нови случаи на Ковид-19 постојано се зголемува секоја недела во последниве четири недели. Процентот на заразени расте во секоја возрасна група, но најбрзо меѓу младите на возраст од 15 до 24 години. Бројот се зголемил за пет пати во последниот месец.

Клуге упати јасна порака за земјите во Европа кои ги олеснуваат здравствените мерки.

– СЗО им препорачува на земјите да го зголемат пристапот до бесплатно тестирање, да го прошират секвенцирањето, да воведат карантин за контактите и изолација на потврдени случаи, да се зајакне барањето на контакти за да се прекине синџирот на трансмисија и да се зголеми вакцинирањето на населението кое се смета за ризично, рече Клуге.

СЗО Европа има подготвено практични мерки за летниот период за да се намали ризикот за инфекција.

„Патувањето не е без ризик. Патувањето и собирите може да го зголемат ризикот да се заразите и да го ширите Ковид-19. Доколку сакате да патувате, размислете и проценете ги ризиците. Вашата одлука има улога во ставањето крај на пандемијата. Ако сте решиле да патувате или да присуствувате на собири, правете го тоа на безбеден начин“, велат од СЗО Европа.

Тие порачуваат да се носи маска, да се мијат рацете и да се држи растојание.

„Проценете го ризикот штом излезете од вашата врата. Штом ја затворите вратата од вашиот дом, до моментот додека ја отворите пак, проценете го ризикот чекор по чекор и преземете ги неопходните мерки за претпазливост. Докажано е дека често миење раце, одржување растојание и носење маска ќе ве заштити“, посочуваат од СЗО Европа.

Исто така советуваат да се избегнуваат затворени простори. „Од патувањето, поголема улога има местото. Местата кои се затворени или каде има метеж можат да го зголемат ризикот да се инфицирате со Ковид-19. Бирајте места на отворени, проветрени простории, одржувајте растојание најмалку од еден метар и носете маска, истакнува СЗО Европа.

Коронавирус СЗО СЗО Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.