Еболата излезе од контрола во западна Африка, но ширењето на болеста може да се запре, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација Маргарет Чен пред претседателите на Гвинеја, Либерија, Сиера Леоне и Брегот на Слоновата коска.
Болеста се шири побрзо од нашите напори да ја ставиме под контрола. Ако оваа ситуација се влоши, последиците можат да бидат катастрофални по животите на луѓето и тешката економска состојба, истакна Чен.
СЗО на вонредниот состанок на 6-7 август ќе одлучи дали еболата заслужува меѓународно внимание па прашањето за вонредни здравствени мерки.
Како што истакна Чен владите на овие земји можеби ќе мораат да воведат ограничувања на движењата на жителите и јавни собири, како и ангажирање на полиција за да ја обезбедува работата на тимовите во борбата против еболата.
До сега во западна Африка од ебола починаа 729 луѓе, меѓу кои 60 се здравствени работници, а регистрирани се 1.300 заболени.