Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Порано или подоцна ќе се случи нова пандемија, мора да бидеме подготвени

0
By Marija Todorovska on April 8, 2025 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Порано или подоцна ќе се случи нова пандемија и тоа не е теоретски ризик, туку епидемиолошка извесност, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус.

Говорејќи на отворањето на 13-та седница на Меѓувладиното преговарачко тело (ИГНБ), кое подготвува договор за превенција од пандемии, тој потсети на ужасните последици од избувнувањето на КОВИД-19 во светот, нагласувајќи дека „следната пандемија нема да чека“.

 Нова пандемија може да избувне за 20 или повеќе години, а можеби и утре. Но, тоа ќе се случи и во секој случај мора да бидеме подготвени, рече тој и потсети дека според официјалните податоци, од Ковид-19 починале околу седум милиони луѓе, но се проценува дека реалната бројка е 20 милиони.

Гебрејесус изрази уверување во можноста за постигнување консензус во преговорите за договор за пандемија.

 Таков договор во никој случај нема да го наруши суверенитетот на која било земја членка на СЗО, туку напротив, ќе го зајакне националниот суверенитет и меѓународната акција, рече тој.

Тој истакна дека верува оти земјите-членки се „подготвени да креираат историја“ и побара „да не се отфрлаат три и пол години разговори и да се постигне договор во борбата против пандемии“.

Тој побара од 194 земји да го направат договорот против пандемијата симбол на можноста меѓународната заедница да се здружи и покрај многуте сегашни поделби.

 И запомнете дека големи епидемии, како што е еболата, моментално се бележат низ светот. Пандемија може да убие повеќе луѓе и да предизвика поголемо економско нарушување од војна, рече Тедрос.

Земјите-членки веќе го продолжија рокот за една година за постигнување договор и си дадоа рок до Светското собрание во мај во Женева да го сторат тоа.

Но, поделбите остануваат големи за одредени прашања, вклучувајќи прашања за интелектуална сопственост, размена на информации за патогени или унифициран пристап кон здравјето на луѓето, другите животински видови и животната средина, пишуваат швајцарските медиуми.

Ковид-19 панедимија СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.