Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Повторно расте бројот на смртни случаи од туберкулоза поради ковид

0
By НОВА ТВ on October 14, 2021 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО
Фото: statnews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бројот на смртни случаи од туберкулоза повторно почна да расте, првпат по десет години, најмногу затоа што пандемијата на Ковид-19 го наруши пристапот до здравствени услуги, соопшти денеска Светската здравствена организација.

– Ова е алармантна вест што треба да послужи како знак за тревога во светот за итна потреба од инвестиции и иновации за да се пополнат празнините во дијагнозата, третманот и грижата за милиони луѓе погодени од оваа болест, која е стара, но може да се избегне и излекува, нагласи генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус во соопштение.

Главната причина е затоа што помалку луѓе се тестирани и лекувани бидејќи ресурсите се пренасочени за борба против пандемијата на коронавирус, истакна СЗО во својот годишен извештај за туберкулоза објавен денеска, а се однесува на 2020 година. Ова е далеку од подобрување бидејќи се повеќе луѓе не знаат дека ја имаат болеста, која е излечива.

СЗО проценува дека околу 4,1 милиони луѓе имаат туберкулоза, но дека таа не е дијагностицирана или официјално потврдена, што е значителен скок во споредба со 2,9 милиони во 2019 година.

Според извештајот, 214.000 луѓе починале од туберкулоза кај серопозитивни лица минатата година (во споредба со 209.000 во 2019 година), а 1,3 милиони починале од туберкулоза меѓу други лица (во споредба со 1,2 милиони во 2019 година). Тоа е вкупно околу 1,5 милиони смртни случаи, што го враќа светот во 2017 година, наведе СЗО.

Пандемијата на Ковид-19 поништи години глобален напредок во борбата против туберкулозата, болест предизвикана од туберкулозен бацил, која најчесто ги зафаќа белите дробови.

Покрај карантините што го компликуваа пристапот на пациентите до центрите за нега, пандемијата има бројни влијанија и врз основните услуги за борба против туберкулоза, бидејќи ковидот ги презема медицинскиот персонал и финансиските и техничките ресурси.

На пример, бројот на луѓе дијагностицирани со туберкулоза се намали на 5,8 милиони во 2020 година, во споредба со 7,1 милиони во 2019 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
ФОКУС

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

ВЕСТИ October 25, 2025

На кружниот тек на улицата „Стево Теодосиевски“, мајка на починато момче, имаше петнаесетминутно обраќање, во…

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот министер за одбрана Торе Сандвик предупреди: Русија интензивно го милитаризира полуостровот Кола во Арктичкиот круг, складирајќи нуклеарно оружје

October 25, 2025

Ограбен е уште еден музеј во Франција: Украдени се 2.000 златни и сребрени монети

October 23, 2025

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.