Published: Monday, November 4, 2013 11:38
„Со оглед на моменталната ситуација во Сирија, честите движења на населението во регионот и субнационалните „џебови” во имунизацијата во клучните области, ризикот од меѓународно ширење на дивиот полио вирус Тип 1 во регионот се смета за висок. Надзорот е поставен во состојба на алерт во целиот регион со цел активно пребарување на дополнителни потенцијални случаи“, се вели во соопштението на Институтот за јавно здравје.
Поголем број од заболените се деца под двегодишна возраст и опфаќаат како невакцинирани така и вакцинирани лица. Спроведување на противепидемиски мерки од пошироки размери се планирани да почнат на почетокот на ноември 2013 година и да траат 6-8 месеци зависно од зафатената област и актуелната епидемиолошка ситуација.




