СЗО денес излезе со најнови сознанија за потенцијалната опасност за јавното здравје од луѓето кои иако се инфицирани од корона вирусот, но од друга страна немаат симптоми.

– Се уште изгледа дека се ретки случаите кога асимптоматските луѓе всушност го шират вирусот понатаму. Тоа на што ние сакаме натаму да се фокусираме е следењето на случаите со симптоми.

Да ги следиме сите симптоматски случаи, затоа што знаеме дека ова е респираторен патоген. Се шири од човек на човек преку заразни капки. Ако всушност ги следиме сите случаи со симптоми, ги изолираме тие случаи, ги следиме контактите и ги ставаме во карантин, драстично ќе ги намалиме случаите, изјави доктор Марија Ван Керкове, шеф на програмата за итни случаи на СЗО.

– Некои луѓе, особено младите и здравите, с кои се заразени од Ковид 19, всушност  и никогаш не развиваат симтоми или пак имаат многу благи симптоми, додаде таа.

Владите всушност треба да се фокусираат и ангажираат на пациенти со симптоми- да ги детектираат и изолираат, наспроти асимтоматските, кои не претставуваат опасност.