Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО: Ригорозни мерки за да се намали загадувањето на воздухот

0
By Нова ТВ on December 17, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 17, 2013 19:56

Строги регулаторни мерки и стандарди за квалитет на водух, намалување на потрошувачката на енергија, особено на изворите на согорување, алтернативни извори на енергија во домаќинствата, менување на режимот на транспорт на возилата, како и други алтернативни начини на транспорт.

Ова се дел од мерките кои итно треба да се превземат за да се намали нивото на загадување на воздухот кои ги препорачува СЗО, во консулатација со Центарот за животна средина во Бон.
–
-Подрачјата кои не ги исполнуваат упатствата за квалитетот на воздухот, веднаш да превземат итна акција за да се постигне нормално ниво на вредностите во најкус можен рок. Истите вредности се однесуваат подеднакво за сите земји во светот, со цел да се заштити здравјето на луѓето потврдија за НОВА од канцеларијата на СЗО во РМ, во консултација со Центарот за животна средина на СЗО во Бон.

Од таму информираат дека препораките за заштита на јавното здравје се дадени во форма на препорачани нивоа на изложеност и привремени цели. За изложеност на PM2.5, вредностите во упатството се 10 μg/m3 (годишен просек) и 25 μg/m3 (средна вредност за 24 часа).

Вредностите кои се однесуваат на 24 часа се горни препорачани вредности на загадување над кои постојат опасности за зголемување на морбидитетот и морталитетот, односно пораст на заболувањата и смртноста кај населението. Се препорачува подрачјата кои не ги исполнуваат овие упатства веднаш да превземат итна акција за да се постигнат овие нивоа во најкус можен рок.

Под притисок на граѓаните и граѓанските активисти Владата дури попладнево, седум дена од енормното загадување на воздухот донесе сет на мерки. Со овие препораки лицата над 60 години од утре па до крајот на неделата се ослободени од работните обврски во државната и јавна администрација како и трудниците.

Медицинските установи ќе работат во полна мобилност и подготвеност, се воведува забрана за движење на товарни возила во централните подрачја од 19 до 7 часот наутро.

Градинките и училиштата да немаат часови на отворено, фирмите кои работат на отворено тоа да го прават во периодот од 11 до 17 часот, засилени еколошки контроли на фирмите. Овие краткорочни мерки , ќе важат само за Скопје, Кичево Битола и Тетово, каде што воздухот е најзагаден и тие ќе важат до сабота.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Брифинг на ЦИВИЛ за „војната во сенка“ – ескалација на нападите врз системите за поддршка на Украина

October 16, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.