Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЗО се коригира: Асимптоматските случаи го пренесуваат Ковид-19

0
By Нова ТВ on June 10, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Водечката експертка на Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги расчисти „недоразбирањата“ по вчерашната изјава која беше сфатена како сугестија дека асимптоматските случаи ретко го пренесуваат коронавирусот, пишува „Дојче Веле“. Марија ван Керхове, која ја предводи техничката асистенција во справувањето со пандемијата, денеска појасни дека нејзината изјава се однесувала само на неколку студии, а не на целосната слика за коронавирусот.

Неколку експерти реагираа на вчерашната изјава на Ван Керхове со оценка дека таквиот став би можел да им отвори проблем на владите кои се обидуваат да ги намалат ограничувањата.

„Бев изненаден од ставот на СЗО. Тоа е спротивно на мојот впечаток од науката досега кој сугерира дека асимптоматските случаи, како и пред-симптоматските лица се важен извор на инфекцијата за другите“, вели Лијам Смет, професор по клиничка епидемиологија во Лондон.

Освен што денеска СЗО ја коригираше изјавата за асимптоматските случаи, дополнително информира и за новите студии кои покажуваат дека заразените луѓе се најзаразни во моментот кога за првпат ќе се почувствуваат болни.

„Од ограничените информации кои ги поседуваме, се чини дека луѓето имаат повеќе вирус во нивните тела во или околу периодот кога ги развиваат симптомите, односно многу рано“, вели Ван Керхове.

Првичните студии во Германија и во САД сугерираат дека луѓето со лесни симптоми можат да бидат заразни од 8-9 дена, додека кај оние кои се потешко болни вирулентноста трае „далеку подолго“.

Асимптоматски случаи Коронавирус Марија ван Керхове СЗО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.