Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владиниот таен синдикалец јавно седна во скутот на власта – стана член на УО на ПИОМ

0
By Zoran Ivanov on February 17, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 17, 2026 17:59

Синдикалниот лидер Благоја Ралповски, кој ја предводи Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) и одби да им се приклучи на барањата и на протестите на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) за покачување на минималната плата на 600 евра, е избран за нов член на Управниот одбор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), објави „Фокус“.

Ралповски ќе седне во УО на Фондот како претставник на репрезентативен синдикат кој членува во Економско-социјалниот совет – телото во кое се одвива дијалогот меѓу Владата, синдикатите и работодавачите. Владата го назначила лидерот на КСС на позицијата на седницата на 3 февруари.

Првиот човек на ССМ, Слободан Трендафилов, претходно тврдеше дека Ралповски е награден со место во управен одбор поради тоа што не излегува на протестите, но Трендафилов рече дека се работи за Фондот за здравство.

Ралповски пред неколку дена беше во Владата, кога заедно со претставници на Синдикатот на УПОЗ се договорија со Владата за етапно покачување на платите на дел од администрацијата во управата и правосудството. Лидерот на КСС тогаш изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, а им се заблагодари и на министрите, посебно на министерката за финансии.

Извор: Фокус.мк

 

ПИОМ ралповски синдикалец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.