За Мендух Тачи и неговата партија, изборот на претседател на државата е небитна тема, бидејќи според него таа функција немала големи законски ингеренции, а консензуалниот кандидат што го предложил ДУИ и Али Ахмети за Тачи е бегање на партијата на власт од решавање на реалните проблеми.
– Ахмети се наоѓа во тешка состојба и произведува тема наместо да се спротистави на антиалбанската политика и проекти што ги спроведува Владата, изјави Тачи, пренесуваат македонските медиуми.
Во однос на тоа дали ДПА е за организирање на предвремени парламентарни избори, Тачи вели дека е за демисионирање на ДУИ од власта.
– Доколку речам дека сме за предвремени парламентарни избори веднаш ќе ми се замери дека сум направил договор со ВМРО-ДПМНЕ. Состојбата во државата е лоша, скоро безизлезна, а такво е мислењето и на ДУИ и Ахмети. Мојот предлог за надминување на оваа состојба е демисионирање на ДУИ и Ахмети, надополни лидерот на ДПА.
Тачи ова го изјави откако присуствуваше изборно собрание на тетовскиот огранок на партијата.




