За лидер на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, војната меѓу Македонците и Албанците не е завршена, како вели тој во интервју за приштинскиот весник „Зери“, сега е само тајм-аут.
“Таа борба продолжува и тоа е опасно зашто таа продолжува во подземје каде двете страни ги зазеле своите позиции“, рекол Тачи.
Тој предупредува дека Македонија ќе се уништи многу бргу ако не пристапи сериозно кон тоа Албанците и Македонците да бидаат рамноправни во доенсување одлуки во државните институции, затоа што Албанците сеуште се само како фигури.
Неговиот политички противник, Али Ахмети, го нарекува платеник, кој, работи во име на македонските интереси.
Мендух Тачи вели дека косовскиот премиер Хашим Тачи, нема потенцијал да биде чувар на Албанците во регионот.




