Browsing: амнестија

Иако иницијативата на адвокатот Зоран Стојановски до Уставен суд ќе изброи четири години старост, судиите токму сега ја актуелизираат, во период кога СЈО не функционира, кога ВМРО ДПМНЕ упорно го стопира Законот за јавно обвинителство, кога ќе се формира техничка влада и кога следат парламентарни избори. Обидот на уставните судии е да направат простор да стане правно ефективна аболицијата на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов и со тоа да прекинат истрагите, судските процеси, но и да се укинат пресуди против поранешните челници на ВМРОДПМНЕ и високи функционери во тогашната власт

Првата годишнина од случувањата во Собранието беше во исчекување на судска разврска против повеќе од 33 лица, една амнестија и десетина собраниски насилници во затвор. На втората годишнина има дел осудени учесници во настаните, а јавноста сè уште чека на откривање на организаторите. Изречена е вкупна затворска казна од 211 години за 16 обвинети

Пратеникот Љубен Арнаудов, за својата изјава рече дека најпрво ќе се консултира со својот адвокат, додека пратеникот Јохан Тарчуловски кажа дека ја повлекува комплетната листа на докази, но и дека се што има ќе каже сам пред Судот