„Марш за правда“ – нема амнестија ниту за стари, ниту за нови случаи

Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и транспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз база на докази, за што основни индиции беа прислушуваните разговори, односно бомбите, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Со Законот за ЈО не може да има амнестија за „Рекет“

СДСМ вади три аргументи дека нема скриена амнестија во предложениот закон за ЈО. Првиот е СМС пораката на лидерот Заев во која го известува Боки 13 дека не може да го прими на состанок и дека кривичното дело е толку сериозно што бил згрозен од доказите. Вториот е исказот на Орце Камчев на кого лично му сугерирал да го пријави случајот и третиот е предметот „Рекет 2“ во кој е обвинета и екс партиската функционерка, Фросина Ременски

Уставниот суд: Нема постапка за „27 април“, амнестијата останува

Уставниот суд не поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на Законот за амнестија во целина, додека иницијативата за оценка на членот 2 од истиот закон е отфрлена, бидејќи веќе е одлучувано по тоа, информираат од Уставниот суд

Уставен суд му заврте грб на Митко Чавков

Ниту еден од деветте уставни судии не застана зад иницијативата за поведување амнестија за „крвавиот четврток“ во парламентот на поранешниот министер за внатрешни работи. Од 33. обвинети за „крвавиот четврток“, 15-тина беа амнестирани, меѓу нив и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски, кои ги отворија вратите на Собранието за да влезат насилниците. Амнестијата опфати и други обвинети или осудени лица во помали судски предмети околу настаните на 27 април

Уставните судии ќе го сркаат тоа што си го надробија

Иако иницијативата на адвокатот Зоран Стојановски до Уставен суд ќе изброи четири години старост, судиите токму сега ја актуелизираат, во период кога СЈО не функционира, кога ВМРО ДПМНЕ упорно го стопира Законот за јавно обвинителство, кога ќе се формира техничка влада и кога следат парламентарни избори. Обидот на уставните судии е да направат простор да стане правно ефективна аболицијата на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов и со тоа да прекинат истрагите, судските процеси, но и да се укинат пресуди против поранешните челници на ВМРОДПМНЕ и високи функционери во тогашната власт

Две години од „крвавиот четврток“ во Собранието

Првата годишнина од случувањата во Собранието беше во исчекување на судска разврска против повеќе од 33 лица, една амнестија и десетина собраниски насилници во затвор. На втората годишнина има дел осудени учесници во настаните, а јавноста сè уште чека на откривање на организаторите. Изречена е вкупна затворска казна од 211 години за 16 обвинети