Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судење за 27 април: Дел од обвинетите ги повлекуваат доказите

0
By Нова ТВ on November 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 20, 2018 15:29

Дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година, решија да повлечат дел од доказите предложени за нивна одбрана во судскиот процес што се води пред Кривичниот суд. Причината за тоа во судницата не ја образложија, а не потврдуваат ниту дали тоа е поврзано со најавите за помирување односно за амнестија.

Пред да го одложи денешното рочиште за „27 април“ судијката Добрила Кацарска констатира дека одбраната повлекла дел од доказите и го утврди текот на работењето на следните рочишта, па така за утре е предвидено да се продолжи со читање на СМС и вибер комуникацијата од мобилните телефони на обвинетите, додека во понеделник на 26 ноември, треба да заврши и одбрана на пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски.

– Откако одбраната повлече дел од предложените докази, тогаш за рочиштето на 26 ноември може да бидат повикани двајца сведоци предложени од одбраната на Муковски, а потоа да завршиме и со одбраната на Василевски, Арнаудов и Трачуловски, рече судијката Кацарска.

Пратеникот Љубен Арнаудов, за својата изјава рече дека најпрво ќе се консултира со својот адвокат, додека пратеникот Јохан Тарчуловски кажа дека ја повлекува комплетната листа на докази, но и дека се што има ќе каже сам пред Судот.

Премиерот Заев во саботата, во контекст на настаните во Собранието од 27 април минатата година и прдлозите на власта за помирување, а на опозицијата за целосна амнестија, истакна дека може да има помирување само за оние кои не учествувале во насилствата.

– Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности, изјави Заев.

Министерката за правда Рената Дескоска денеска рече дека Министерството не работи на никаков закон за амнестија во врска со настаните од 27 април и дека тој треба да биде подготвен од телото за помирување во Собранието.

Одговарајќи на новинарско прашање пред обраќањето на Националната конференција на тема „Унапредување на механизмите за обезбедување пристап до правда“, таа го повтори ставот дека за насилствата не смее да има амнестија, во која насока, рече е и изјавата на премиерот Зоран Заев, во која тој направи разлика меѓу оние кои биле вклучени во насилството и другите.

За тоа кои сè лица ќе бидат опфатени со евентуалниот закон за амнестија, ќе зависи од ставот на телото за помирување.

„Во законот за амнестија треба да се дефинира точно кои кривични дела врз основа на Кривичниот законик би ги опфатило. Јас не им ги знам обвинителните акти, ниту сум ги проучувала. Тоа е прашање што треба да се разговара во телото во Собранието“, рече Дескоска. Според неа, доколку се донесе закон за амнестија тоа нема да биде удар врз судството.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

27.април амнестија докази обвинети судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.