Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Browsing: Бахреин
Во натпревар од третото коло во групата Ц совладан е Бахреин со 27:25 (полувреме: 12:9) по кој селекторот Данило Брестовац истакна дека е присутен напредок меѓутоа, истовремено, нагласи дека тимот што го предводи е далеку од максимум на капацитетот. Следува ден одмор за македонските кадети кои во недела (20.30 ч.) ќе играат против Данска, единствениот европски ривал во групата Ц до чиј крај потоа ќе преостане и пресметката со Јапонија
Македонија ќе има некој час повеќе од едно деноноќие за рекуперација и подготовка за наредниот натпревар на СП во ракомет. Пресметката со Хрватите е утре попладне (18 ч.), а момент плус што може да оди во полза на составот на Раул Гонзалез е фактот дека „коцкестите“ ќе имаат некој час помалку со оглед дека денеска излегоа на терен со Јапонија во „Олимпијахале“ по македонската средба со вицепрвакот на Азија
„Црвено-жолтата“ ракометна дружина се потврди дека се класа и над азискиот вицепрвак и помалку на рутина и на искуство славеше со 28:23 (полувреме: 12:8) за втора победа во групата Б на СП 2019. Кире Лазаров најефикасен со осум гола. Утре попладне (18 ч.) против Хрватска во првиот сериозен испит на мундијалот
Мечот е од 14 часот, желбите во таборот се осигурување на победата уште во првиот дел што ќе значи и минутажа за помладите и дебитантите во продолжението, но и чување на силите за утрешната пресметка со Хрватска, првата од трите сериозни за националниот тим за прогрес во главната фаза на турнирот