Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Победа во грч и против Бахреин: С. Македонија во осминафинале на ракометното СП за кадети

0
By Нова ТВ on August 10, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com/ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 10, 2019 01:05

Македонската кадетска ракометна репрезентација одигра нов натпревар во грч, но што е поважно победи и што е најважно се проби во осминафинале на Светското првенство за играчи до 19 години во Скопје. Во натпревар од третото коло во групата Ц совладан е Бахреин со 27:25 (полувреме: 12:9) по кој селекторот Данило Брестовац истакна дека е присутен напредок меѓутоа, истовремено, нагласи дека тимот што го предводи е далеку од максимум на капацитетот.

„Изгледавме подобро во двата правца за разлика од мечевите со Аргентина и со Нигерија. За нијанса се подобривме. Имаме уште два меча што треба да ги искористиме за достигнување на уште повисоко ниво на игра за осминафинале во кое нема поправен и во 60 минути може секој секого да победи. Уверувам дека ова досега не е наш максимум. Ги познавам овие момчиња“, е ставот на Брестовац што го искажа по средбата.

Серафимов со 10 гола беше најефикасен ракометар во македонската селекција за која Костески додаде 7. Најмногу голови, пак, во мечот реализира А. Али – 11.

Следува ден одмор за македонските кадети кои во недела (20.30 ч.) ќе играат против Данска, единствениот европски ривал во групата Ц до чиј крај потоа ќе преостане и пресметката со Јапонија.

СП во ракомет (У19) во машка конкуренција

Група А, 3 коло

Норвешка – Чиле 38:23

Шпанија – Словенија 24:21

Хрватска – Саудиска Арабија 36:17

Табела: Хрватска 6 бода, Шпанија 5, Словенија 4, Норвешка 3, Чиле 0, Саудиска Арабија 0.

Група Б, 3 коло

Франција – Унгарија 25:26

Шведска – Канада 38:16

Египет – Тајван 36:25

Табела: Унгарија 6 бода, Шведска 4, Франција 4, Египет 4, Тајван 0, Канада 0.

Група Ц, 3 коло

Бахреин – С. Македонија 25:27

Јапонија – Аргентина 29:26

Данска – Нигерија 35:22

Табела: Данска 6 бода, С. Македонија 4, Јапонија 4, Бахреин 2, Аргентина 2, Нигерија 0.

Група Д, 3 коло

Германија – Србија 30:22

Исланд – Португалија 24:28

Тунис – Бразил 26:25

Табела: Португалија 6 бода, Германија 4, Исланд 4, Србија 2, Тунис 2, Бразил 0.

Бахреин Ракомет (м) С. Македонија СП 2019 У19
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.