Browsing: Банско

Учесниците ќе бидат поделени во две конкуренции – дивизија А или т.н. „stroke play“ формат со две рунди по 18 дупки и дивизија Б или т.н. „single stableford“ формат со, исто така, две рунди по 18 дупки. За нов македонски шампион ќе биде промовиран играчот со најдобар грос резултат. Осмото издание на Отвореното македонско првенство во голф ќе стартува со петочните тренинг сесии (претпладне и попладне) што се замислени како турнирски рунди

Турнирот ќе се одигра на терените на „Пирин Голф Клуб“ во Банско, Бугарија и ќе биде од отворен карактер. Право на учество, покрај домашни играчи, ќе имаат и странци кои ќе се натпреваруваат во посебна категорија. Оттука и очекувањата на организаторот за масовен интерес што во превод значи меѓу 80 до 100 пријавени голфери