Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонската Голф Федерација со најава: „Macedonian Open“ од 23 до 25 август во Банско

0
By Нова ТВ on July 2, 2019 СПОРТ
Фото: golfmacedonia.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 2, 2019 19:13

Македонската голф федерација (МГФ) со најава за „Macedonian Open“ што воедно ќе претставува и Државно првенство за 2019 година. Турнирот е закажан од 23 до 25 август на терените на „Пирин Голф Клуб“ во Банско, Бугарија и ќе биде од отворен карактер. Право на учество, покрај домашни играчи, ќе имаат и странци кои ќе се натпреваруваат во посебна категорија. Оттука и очекувањата на организаторот за масовен интерес што во превод значи меѓу 80 до 100 пријавени голфери што можат да аплицираат по електронски пат на marketing@piringolf.bg, a повеќе информации може да се добијат и на mkdgolffed@gmail.com.

Од МГФ истакнуваат дека „Macedonian Open“ е вграден и во официјалниот календар на ЕГА (Европска Голф Асоцијација) за настани на стариот континент, а од наредната сезона ќе биде содржина и во календарот на ВАГР (Светски аматерски голф ранкинг).

Македонската Голф Федерација е призната и активна членка на водечките меѓународни организации како Интернационалната Голф Федерација (ИГФ), Европската Голф Асоцијација (ЕГА) и Кралски/Антички (R&A), но и на Македонскиот олимписки комитет (МОК).

Како улога пред себе ја има да служи како водечко тело за голфот како спорт и за негова промоција, поддршка, администрирање и развој на национално ниво. Голферската федерација е со визија за популаризација на голфот во државата меѓу сите возрасни групи со акцент на младите категории и за одржлив развој на играта на секое ниво. Мисијата, пак, е промовирање на играта, овозможување на пристап и зголемување на учество во голфот преку создавање на можности за вклучување во играта.

„Macedonian Opeн“ Банско Голф турнир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.