Избори 2020: Правото на глас во вториот ден го искористиле над 9.300 лица

Вкупно 7.861 болни и изнемоштени лица го оствариле своето право на глас во вториот ден на предвремените парламентарни избори. Што се однесува до лицата кои се наоѓаат во домови за вонсемејна грижа, од вкупно 357 пријавени избирачи во оваа категорија, гласале 234, а во казнено-поправни установи 1.235 лица, соопшти портпаролот на ДИК, Адмир Шабани на синоќешната прес-конференција