Ракомет, ЛШ: Металург триумфално во Чехов, „заловени“ Чеховски медведи

Тимот од Автокоманда го совлада рускиот претставник со 32:26 во меч од петтото коло во Д конкуренцијата за втора победа во сезоната, прва на гостински терен. Халил Јагањац со девет гола беше најефикасен играч на средбата, шест додаде Жарко Пешевски колку и Санталов како прв стрелец кај поразената екипа